Мицкоски: ВМРО ДПМНЕ не поддржува насилни протести

 Премиерот Заев ги злоупотребува децата во дневно политички цели. Тоа не е мое ниво, но не можам да не го искоментирам тоа, бидејќи е непримерно од страна на претседателот на Владата и се надевам дека тоа нема да му се повтори во иднина, рече претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на премиерот Зоран Заев, дадено претпладнево за протестите пред домовите на пратениците од СДСМ.

Според лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ тој е загрижен за, како што рече, информациите кои ги добива од полициски извори, дека се мобилизираат припадниците на МВР за допонително загушување на можноста на граѓаните да го изразат својот демократски револт преку протест.

-На тој начин не само што не се помага во процесот на заедничко надминување и подобрување на реформските процеси, туку дополнително се загрозуваат на овој начин. Затоа ја користам оваа прилика за да апелирам и до МВР, но и до господинот Зоран Заев, да не ги злоупотребува чувствува, да не ги злоупотребува институциите и на тој начин да го ограничува демократското право на секој граѓанин на Република Македонија да го изрази сопствениот револт, се разбора ненасилно. Ние не го оправдуваме насилството и никако не можеме да поддржиме насилство, но секој оној мирен израз на револт е основно загарантирано демократско право на секој граѓанин во Република Македонија, додаде Мицкоски.

Тој понатаму рече дека доколку поворно има приведувања, закани, притисоци од страна на МВР, тогаш со жалење ќе констатирале дека тоа не само што не му помага на процесот на реформи туку напротив му одмага и дополнително го отежнува.

На новинарско прашање како ќе ја коментира изјавата на премиерот Заев дека на протестите се користи говор на омраза и дека веќе се подготвени првите кривични пријави, лидерот на ВМРО ДПМНЕ  рече дека апелирал на здрав разум кај премиерот.

-Јас апелирав за разум кај господинот Зоран Заев да не презема акција каква што презеде и да ги прекрши процедурите во Собранието, деловникот, законите и уставот, да не се однесува насилнички поддржан од Талат Џафери и да ги почитуваат процедурите и деловникот во Собранието кога ќе дојде предлогот на Законот за јазиците. Бевме сведоци на едно девијатно однесување од господинот Џафери, но и поддржан од пратениците на СДСМ и господинот Заев и како реакција на сета таа неделовничка и незаконска ација се случуваат  протести низ Македонија, бидејќи тоа предизвика чувства кај граѓаните. Сите тие кои демократски без насилство го изразуваат својот револт апсолутно имаме разбирање за нив. Ние како политичка партија не поддржуваме насилни протести. Но, протест каде што граѓаните на мирен начин го изразуваат револтот, тогаш можам да кажам дека се апсолутно во согласнот на онаа акција која беше спротивна на деловникот и законите во Република Македонија, рече Мицкоски.

Во однос на говорот на омраза преседателот на најголемата опозициска партија Мицкоски потсети на една изјава на премиерот кога, како што рече, пред своите сопартијци рече дека ќе јаде живи луѓе кога ќе дојде на власт.

-Очигледно дека почнува тоа сценарио да го практикува. Основна водилка во неговото однесување претставува заканата, уцената, притисокот и тоа е недозволиво за држава каква е Македонија, која пледира да бид едел од европските вредности и европското семејство, заврши Мицкоски.

Тој денеска ја продолжи прекината посета на Струмичкиот регион од пред неколку денови и престојуваше во рурални средини во овој регион.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *