ПОЧЕТОЦИ НА ПОБЕДОНОСНАТА ВОЈНА ВО МАЛА АЗИЈА (8)  

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР  ВЕЛИКИ“ (МАКЕДОНСКИ) ОД УЛРИХ ВИЛКЕН ВО ПРЕВОД НА СЛАВЕ КАТИН

 

Блискоста со кралот, што ја дознавме од делото на Калистен, изискувала посебно внимание. Тој пренесува дека Александар Македонски сакал да мисли како античките Грци, но бидејќи гледиштето е мошне пристрасно, природно мора критички да се користат неговите изјави

Од друга страна, пак, официјалниот опис на дневните акции на Александар Македонски во кралскиот весник не беше наменет за пошироко публикување.

Во почетокот описот го правеше Еумен од Кардија, шефот на неговиот секретаријат, а тоа започна уште со Филип Македонски кому Еумен му служеше неколку години со иста задача. Овој официјален весник Птолемеj I, кралот на Египет, го употреби како извор за своите мемоари, a бидејќи тој беше еден од главните извори за Аријан, тоа објаснува зошто неговото дело се чита како дневник. Весникот немаше намера да го велича монархот, туку да служи за практичните цели на власта.

Во патувањето на кралот, покрај Калистен, беа вклучени и други историчари, како и филозофи и поети, кои главно подоцна му се придружија на патувачкиот двор. Геодетската група што го придружуваше кралот од самиот почеток имаше задача да ги мери и да ги забележува во дневник растојанијата што ги освојуваше војската на Александар Македонски и да ги опише карактеристиките на земјите каде што се патуваше.

Меѓутоа, специјалистите кои го испитуваа богатството на флората и фауната, како и минералите на новооткриените земји на Далечниот Исток колку што одминуваше времето се повеќе беа ангажирани.

Уште од самиот почеток му стана јасно на Александар Македонски, ученикот на Аристотел, дека азискоатичкото војување не беше само обичен поход, туку и голем настан за цивилизацијата, бидејќи не само што ја воведе античката грчка култура на Исток, туку на античките Грци им ја откри и азиската култура и природа.

Неговото војување во исто време беше испитување и откривање на многу нови простори и појави што требаше да најдат свое место во науката. Треба да се каже дека Александар Македонски немаше претходна концепција каков ќе биде неговиот успех. Несомнено, тоа беше случај само во текот на неговото победничко напредување кога овие цели добија повеќе определена и стабилна форма.

Персиската империја, против која Филип Македонски го започна нападот, а сега Александар Македонски ја започна војната, ја загуби виталната сила што ја имаше кога беше на власт Дариј I. Ho, сепак таа не беше обесхрабрена и внатрешно расцепкана како неколку децении порано, кога дојде речиси до нејзино распарчување, поради востанијата  на амбициозните  намесници  и  вазали, како и поради востанието во значајни места на Египет и Кипар.

Енергичниот Артаксеркс III (Охус), со совладувањето на овие опасности, а особено со повторното освојување на Египет, чиј успех беше постигнат главно со помошта и учеството на античките грчки офицери и наемници, уште повеќе ја зајакна државата која стана една од светските империи и сам им се противстави на античките Македонци.

Во пролетта на 336 година, кога Филип испрати извидница преку Дарданелите, Арс, кој по смртта на својот татко Охус (338) го презеде престолот со помош на Багоа, беше се уште владетел. Но брзо потоа, можеби во мај 336 година, Багоа го отстрани Арс и го постави на престолот Кодоман, принцот од лозата на Ахеменидите, кои брзо го отруја за да добијат поголеми слободи.

Овој Дариј III, како што самиот се нарекуваше, беше несреќен владетел на чии плеќи падна задачата да го штити кралството од Александар Македонски. Се знае за неговата голема храброст што во младоста ја покажа во борбата со Кадусијаните.

Меѓутоа, во решавачкиот момент на Ис и Гавгамела, кога го виде надворешниот изглед на суперменот Александар Македонски, го фати силна паника при што ја сврте колата назад и ги остави сами своите храбри луѓе да се борат на бојното поле и да загинат. Тој во голема мера лично е одговорен за пропаѓањето на својата империја.

Војската што Филип Македонски ја испрати во Мала Азија под команда на Парменион и Атал, по првиот победоносен настап беше принудена на повлекување кон Дарданелите.

Според некои неадекватни извори, пак, се вели дека единствено Парменион, кој прво напаѓаше од Ефес кон Магнезија, беше поразен од Мемнон, одличниот генерал на Големиот крал, кој го присили да се повлече кон север и да се врати кон Дарданелите, така што античките Македонци ги задржаа само Абуд и Роетеум на тројанскиот морски брег.

Иако убиството на Филип Македонски и трагичниот пад на Атал имаа парализаторско и уништувачко влијание врз нападите, може да се заклучи дека Мемнон се покажа како подобар генерал од Парменион.

Александар Македонски можеше да биде задоволен со резултатот кој му обезбеди мостобран за преминување во Азија и значаен пресврт во ослободувањето на тамошните градови. Затоа, Александар Македонски не издаде наредба за втор напад, туку есента 335 година го повика Парменион во Пела за да му помогне при вооружувањето на војската.

 

Продолжува

 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *