Писмена реакција за ставот на Фотис Кувелис

Почитувани,

Во врска со ставот на алтернативниот Министер за одбрана, Фотис Кувелис, кој во интервју за „Ријал Њуз“ вели дека решението за името треба да биде со меѓународен договор, пропратен со Уставни измени, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

Доколку Грчките политичари навистина беа загрижени за стабилноста на регионот немаше да стават вето на нашата покана за НАТО во 2008. Сега после 10 години јавното изразување страв од експанзивните ризици на Балканот од Грчка страна е лицемерно, бидејќи едно зборуваат а друго прават. Нивните уцени до Македонскиот народ да прифати ново име и идентитет, да се промени Уставот и да се отстрани од нив замислениот Македонски иредентизам во суштина се барања за да спорот за името НЕ се реши НИКОГАШ!

Грција нема право да предлага нова билатерална спогодба, најмалку од две причини. Првата, затоа што мандатот за водење разговори и предлагање решенија за спорот на името го има ООН. Втората причина е што Грција е осудена земја од Меѓународниот Суд во Хаг заради прекршување на Времената Спогодба од 1995. Тој правен факт го загрозува нивниот легитимитет да предлага нова спогодба, бидејќи не ја почитува претходната. Таквите Грчки трикови во обид Македонската страна мора одлучно да ги одбие како БЕСПРЕДМЕТНИ! Сите најави од Грчка страна одат во насока дека предлогот на Никос Коsијас кој ќе го донесе неделава ќе биде целосно во спротивност со Македонските национални интереси. Нашиот јужен сосед го бара од нас невозможното, да се обезличиме како народ и Држава.

БАРАМЕ ИТЕН ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ! ДА ГИ ЗАЧУВАМЕ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ!

Македонската Алијанса ги повикува Зоран Заев и Никола Димитров без калкулации да преземат чекори за одбрана на националниот идентитет. Нивната досегашна конструктивност и сервилност немаат никаков ефект, освен нови и се поголеми понижувања. Така било и претходно, така е и сега! Ние сакаме во ЕУ и НАТО, но не по секоја цена. Сега е момент за ШОК – ДИПЛОМАТИЈА! Преговорите треба да се прекинат се додека не се обезбеди спроведување на пресудата на Хашкиот Суд и со тоа по автоматизам добивање покана за полноправно членство во НАТО Алијансата. Меѓународните правни норми морат да важат за сите подеднакво!

 

 

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Претседател, 

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *