КЈЕЛИНИ ВРАТЕН НА РЕХАБИЛИТАЦИЈА

Италијанската фудбалска репрезентација ќе биде посиромашна за Џорџо Кјелини на пријателските натпревари со Аргентина и Англија. Кјелини се појави на првата прозивка на италијанскиот селектор, но по прегледите од страна на репрезентативниот лекарски тим беше вратен на рехабилитација.

Кјелини ја задоби повредата на првенствениот натпревар со СПАЛ, кој заврши без победник 0-0, но за Алегри е позначајно тоа што за извесно време го загуби и искусниот дефанзивец.

Се очекува Кјелини под специјален режим да тренира две-три недели, а за тренерот на Јувентус е многу значајно тој да се врати на теренот до четвртфиналниот двомеч на Јувентус против Реал Мадрид во ЛШ на 3 и на 11 април.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *