МОНОГРАФИЈАТА „КАТИН“ – ОГЛЕДАЛО ЗА ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА СЛАВЕ КАТИН (16)

Монографското дело „Катин“ чиј автор е Борче Наумовски е публикација на издавачката куќа „Македонска искра“ од Скопје, отпечатена во 2002 година, на 400 страници на македонски и на англиски јазик и е илустрирано со бројни фотографии. Таа е една од  значајните монографии на „Македонска искра“ која е еден вид огледало за животот и делото на Славе Катин. Делото е луксузна публикацијата за истакнатиот маке­дон­ски публицист, журналист и аналитичар на македонското иселеништво.

Во монографијата е забележано дека Славе Катин е исклучително голема, позната, призната и неодминлива личност во Македонија и македонската дијаспора. Тој, без сомнение, е еден од успешните публицисти во Македонија и во македонското иселеништво во светот. Тој е длабоко и силно поврзан со судбината, вистината и настаните во Македонија. Славе Катин е Македонец по националност и православен христијанин по вера. Тој, со своите дела е еден од најголемите иницијатори и организатори на одбраната на македонското име и на вистината за Македонија.

Исто така, Славе Катин е еден од бранителите и афирматорите на историјата и честа на македонскиот народ во етничка Македонија и во светот. Во овие мигови на распетие на Македонија, кога Република Македонија е меѓународно призната, иако не под нејзиното уставно име, тој ги изложува своите погледи за можностите за македонските стопански, економски, културн и верски препород, како и за натамошен демократски развој како суверена самостојна и независна држава на овие балкански ветрометини.

Инаку, Славе Катин е познат на македонската и на меѓународната јавност по неговите бројни публикации, новинарски и научни трудови кои се посветени, главно, на етничка Македонија и на животот на Македонците во дијаспората. Исто така, неговата работа и творештво се однесува и на низа други аспекти поврзани со македонската дијаспора, како и со културата, литературата, јазикот, историјата, журналистиката и религијата.

Треба да се нагласи дека Славе Катин не припаѓа на политичка партија, бидејќи тој е припадник на етничка Македонија, на Македонците во дијаспората и на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), која како институција игра значајна улога во опфаќањето и сплотеноста на Македонците надвор од Македонија, особено во прекуокеанските земји и насекаде во светот.

Тој е aвтор на шеесет публикации, од кои 22 со името Македонија, на дваесет монографии за познати личности од дијаспората и Република Македонија, на десетина дела посветени на религијата и МПЦ-ОА, на десетина лексикографски изданија, на стотина научни трудови презентирани на различни симпозиуми и други собири. Исто така, тој е автор и на над три илјади новинарски текстови и други единици од науката, фељтони, репортажи, осврти, портрети, преводи од литературата, јазикот, религијата и културата на англиски и на македонски јазик, како и на друг вид текстови и материјали што се објавени во земјата и во светот, од кои дел можат да се видат или да се прочитаат на неговата веб–страница: www.slavekatin.com

Целта на оваа монографска книга е да го сублимира придонесот на Славе Катин за Македонија и Македонците во дијаспората и на своите родители да им се оддолжи за талентот што му го подариле да го направи тоа, како вистински Македонец, преокупиран со судбината на својот народ и неговата иселеничка голгота.

Како резултат на тоа, тој воспоставува извесен баланс во односите на државата со раселените Македонци, со што започнал да го гради големиот мост на нивното поврзување со Татковината, како самостојна и независна држава. Но, и нивното меѓусебно запознавање и зближување, независно од оддалеченоста на нивните дестинации. Меѓутоа, неговиот придонес не запира тука. Катин е свесен дека на Македонија може да ѝ се помогне најмногу ако во неа се инвестира во реализацијата на низа проекти од значење за нејзиниот побрз развој, односно ако за тоа се заинтересираат и самите тие во дијаспората, како успешни бизнисмени.

Освен неговите релативно чести посети на трите континенти и личните средби со иселениците, преку монографските изданија за најуспешните од нив, Катин се обидува интересот за соработката со дијаспората да го пробуди и кај луѓето во државниот врв на земјата.

Ефектите од ваквите посети на угледни Македонци од дијаспората на својата Татковина, допрва ќе се почувствуваат, како што ќе се почувствува и придонесот на Катин на овој план. Историската димензија на неговиот национален проект поврзан со иселеништвото, објективно го афирмира во уникатен лидер на едно светско семакедонско движење за промоција на Македонија, не само како колевка на една стара цивилизација, туку и како држава која придонесува развиениот свет сѐ повеќе да ја чувствува и во сопствениот развој.

“Монографијата „Катин“ чиј автор е неговиот покоен другар и поранешен министер за култура, Борче Наумовски претставува луксузно издание, илустрирано со бројни фотографии од кои најголем дел се во боја. Во неа се среќаваат фотографии од времето кога Славе Катин кога бил дете, потоа ученик и студент до неговите шеесетина години од животот.

Целта на оваа монографска книга е да го сублимира придонесот на Славе Катин за Македонија и Македонците во дијаспората и на своите родители да им се оддолжи за талентот што му го подариле да го направи тоа, како вистински Македонец, преокупиран со судбината на својот народ и неговата иселеничка голгота.

Крај

1Dusan ДУШАН РИСТЕВСКИ – МАКЕДОН

3 thoughts on “МОНОГРАФИЈАТА „КАТИН“ – ОГЛЕДАЛО ЗА ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА СЛАВЕ КАТИН (16)

  1. Wow, amazing weblog layout! How long have you ever been blogging
    for? you made blogging look easy. The whole glance of your web site
    is wonderful, let alone the content material!
    You can see similar here e-commerce

  2. Hi! Do you know if they make any plugins to help with Search Engine Optimization? I’m trying to get my blog to rank for some targeted keywords but
    I’m not seeing very good success. If you know of any please share.

    Kudos! I saw similar blog here: Hitman.agency

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *