ОДРЖУВАЊЕ НА „ЉУБАНСКИТЕ ИЛИНДЕНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ СРЕДБИ“

На големиот празник Илинден, Македонците од Љубојно, заедно со сите браќа од Преспа, етничка Македонија и иселеништвото ширум светот, со гордост го истакнуваат своето бурно минато исполнето со непокор и борба за опстанок. Тоа е резултат на фактот дека на првиот Илинден се случиле бурни и драматични настани, а и во текот на окупацијата Љубојно било едно од жариштата на револуционерното движење и прва ослободена територија.
Илинден е најголемиот ден на слободарскиот дух од сите денови и празници на Македонија. Затоа, На Илинден во Љубојно се чувствува топло гостопримство и срдечност кај сите оние што се собираат, притоа доаѓа голем број иселеници од прекуокеанските земји, од европските земји, Преспанци што живеат низ Македонија, голем број Македонци од егејскиот дел на Македонија што живеат ширум светот, гости и иселеници од другите села, туристи од Претор, Сливница, Крани, Наколец и Долно Дупени, како и голем број повратници од Преспа,  Битолско, Охридско, Леринско и од Мала Преспа.

Овогодиштата манифестацијата „Љубански илинденски иселенички средби“ се одржува на 1-ви и 2-ри август по 49-ти пат. Таа е значајна културна манифестација не само за Љубојно и Преспа, за иселениците од целиот свет, туку и за Република Македонија. Во изминатите години на успешно организирање продефилираа голем број културно-уметнички друштва, музички ѕвезди, литературни дејци и други културолози.

Манифестацијата „Љубански илинденски иселенички средби“ започна да се организира на Илинден 1974 година. Тогаш за прв пат музичка група свиреше пред црквата „Свети Илија“, во која по традиција голем број Љубанци одат на Илинден во предпладневните часови да присуствуваат на црковната богослужба. Таа прва веселба на Илинден 1974 година беше спонтано прифатена од Љубанци со аманет секоја година да се веселат на Илинден пред црквата „Свети Илија„ и потоа прославата да продолжи на „Полена“, во Центарот на Љубојно.

Во почетокот средбите во Љубојно имаа карактер во вид на панаѓурска прослава, но како одминуваше времето манифестацијата прерасна во значајна илинденска прослава и печалбарска средба. Така, во последните триесетина години средбите почнуваат на 31 јули вечерта, со играорни и пејачки групи од разни краеви на Македонија, од поранешна Југославија, Мала Преспа, како и уметнички друштва на Македонците од Австралија, Канада, САД и европските земји.


Панорама на Љубојно

Во изминатите педесетина години во организирањето на Љубанските средби се вклучиле бројни иселеници и мештани на Љубојно. Покрај претставниците на Месната заедница од Љубојно и љубанци, големи заслуги имаат и: фестивалот „Илинденски денови“ од Битола, Општината Ресен, поранешната Матица на иселениците од Македонија, денес Агенцијата за иселеништво на Република Македонија,  бројни оркестри, естрадни уметници, фолклорни групи, медиумите во Македонија и во дијаспората, како и голем број вљубеници во Љубојно и нивни пријатели, особено „Љубојно промет“, „Стара Чешма“, „Дупени Бич“ и други, кои со своето учество дале значаен прилог и придонес средбите да бидат богато организирани, масовни, да имаат поширок карактер и да бидат вечни.

Посебно треба да им се оддаде признание на долгогодишните организатори Владо Пашариковски, Бошко Рајчовски-Пелистерски, на Славе Катин кој организирал бројни презентации и промоции на свој публикации, на музичката ѕвезда Ламбе Алабаковски, како и на Васил Томулевски и негови предходници од Месната заедница во Љубојно.

Овогодишните „Љубански илинденски иселенички средби“, кој се во организација на Одоборот на средбите на чело со Васил Томулевски, се организираат по 49 –ти пат. Така, во понеделникот на 1-ви август, на гостите им се обрати градоначалникот на Општина Ресен Јован Тозиевски, а потоа че настапат фолклористите на КУД „Гоце Делчев“ од Битола. Вечерните часови се резервирани за позната естрадна уметничка Сања (Сани) Гроздановска заедо со групата „Кода“, чија забава ќе се одржи на „Полена“.

На 2-ри август на денот Илинден, во манастирската црква „Свети Илија“ ќе се одржи света богослушба, за која овогодинешен кум е естрадниот уметни од Љубојно Ламбе Алабаковски со семејството. Потоа ќе биде положено цвеќе пред Споменикот на паднатите борци од Илинден пред куќата на Калајџиовци од страна на градонаќалникот и советници на Општина Ресен. Од таму се оди во посета на вечните почивалишта на Љубанци во централната цеква „Свети Јован“.

Посебно место за „Љубански илинденски иселенички средби“, им припаѓа на македонски естрадни уметници, познати музички состави, фолклорни групи и друштва од Македонија и од дијаспората. Тие оставија траен белег и ги направија средбите да бидат вечни. Овогодишна забава на „Полена“ (Центарот на Љубојно) започнува во попладневните часови и трае од 17.00 до 2.00 часот наутро. Публиката Ќе ја забавуваат естрадните уметници: Сања (Сани) Гроздановска, Елена Јовческа и Ташко Каранфиловски заедно со групата „Форум“ од Прилеп.

Со тоа ќе се постигне оваа традиција во Љубојно да живее многу години, а со тоа Илинден да биде и слава и верски празник. Илинден како ден на востанието на македонскиот народ да стане и ден на Љубојно и околните села, Брајчоно. Долно Дупени, Наколец, Штрбово, Крани и Арвати, како и Селата во Долна Преспа во егејскиот дел на Преспа и Мала Преспа во Албанија, а „Љубански илинденски иселенички средби“ да бидат вечни во Македонија.


Пишува: СЛАВЕ КАТИН

30 thoughts on “ОДРЖУВАЊЕ НА „ЉУБАНСКИТЕ ИЛИНДЕНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ СРЕДБИ“

  1. Wow, wonderful blog layout! How lengthy have you been running a blog
    for? you make running a blog glance easy. The whole glance of your web site is
    fantastic, let alone the content material! You can see
    similar here dobry sklep

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *