Стефан Синовец е по четврти пат нов кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром. Поразот од Работнички ги натера на размислување околу создавање на респектабилен тим луѓето од раководството на клубот па решија пред крајот на сезоната да ги преземат првите чекори. Во рамките на тоа, тие денеска потпишаа со Синовец, а му заблагодарија на соработката на неговиот сонародник Ѓорѓе Мајсторовиќ.
Или поточно, Синовец потпиша дека ќе настапува до крајот на сезоната, но постои можност тој да остане и во следната. До сега настапуваче во Мега Бемакс.
Разликата на Синовец и Мајсторовиќ е во учинокот. Синовец има 9,4 поени по натпревар, 4,5 скока и 3,1 асистенција. Мајсторовиќ наспроти него има 4,8 поени по натпревар, 2,7 скока.