КОКШАРОВ СО КОМБИНИРАН СОСТАВ ВО СКОПЈЕ

Селекторот на руската машка ракометна репрезентација, Едуард Кокшаров,  селектираше 18 ракометари кои ќе учествуваат на неделата на ЕХФ од 1-9 април во Скопје. Во рамките на тие подготовки, русите ќе одиграат и еден контролен натпревар со македонскиот национален тим.

На списокот на Едуард Кокшаров се наоѓаат

Голмани: Виктор Киреев, Олег Грамс и Денис Заболотин. Леви крила: Тимур Дибиров, Роман Осташенко. Леви бекови:Сергеј Горбок, Виталиј Комогоров, Александар Шурински, Димитриј Санталов. Средни бекови: Димитриј Житников, Павел Атман. Пикери: Глеб Калараш, Сергеј Горпишин, Максим Михалин. Десни бекови: Сергеј Шелеменко, Димитриј Кисељев. Десни Крила: Данил Шишкарев, Димитриј Ковалев.

На списокот како што може да се види има неколку ракометари кои веќе настапувале или настапуваат  во македонски клубови. Тоа се Тимур Дибиров, Сергеј Горбок, Павел Атман и Данил Шишкарев

Собирот во Скопје е во рамките на подготовките на двете селекции за бараж натпреварите на македонија со Романија, а на Русија со Чешка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *