Пецаков: Локалната самоуправа ќе го организира Охридскиот пливачки маратон

Општина Охрид ќе направи се, односно 99 отсто Охридскиот пливачки маратон ќе се одржи, изјави денеска градоначалникот Кирил Пецаков по координативниот состанок со претставници на пливачкие клубови од градот.

Најави дека локалната самоуправа дека ќе направи се од следната година, организацијата на манифестацијата да ја преземе во свои раце заедно со пливачките клубови.

– За оваа година ќе направиме се што е и што не е во наша моќ да успееме да го организираме Охридскиот маратон. Ја повикуваме и државата, на што добив и веднаш одговор од Агенцијата за млади и спорт. Треба да пристигне директорот и да видиме на кој начин би учествувале тие во организацијата на маратонот. Начинот на раководење на маратонот години наназад и односот со него го гледам и по однос на посетеноста како од година во година се уништува и ќе мораме како Локална од наредната година да ги разгледаме сите опции, истакна Пецаков.

Посочи дека наградниот фонд кон пливачите не бил исплатен последните две-три години, а се поставува прашањето дали и годинава ќе биде исплатен.

– Не можам да сфатам како се доведуваме во ситуација да останеме без маратон, односно да поминеме со едно соопштение дека нема да се одржи поради блокирана сметка, состојба која трае долги години. Што правеле досега? За да поканите пливачи на маратонот потребно е месец дена однапред да се известат и да го потврдат нивното доаѓање. Сега се поставуваме во една временска крајна зона каде незнам колку би  добиле позитивни одговори. Поканите се веќе испратени од вчера, сабајлево почнуваме да добиваме одговори, на кои потенцирам дека најбитно прашање е дали ќе има награден фонд, бидејќи наназад две три години не им се исплатени наградите на кои пливале, истакна Пецаков.

Во однос на учеството на пливачи и краткиот временски период од нивната покана, рече дека ќе побараат помош од легендите во македонското пливање меѓу нив Томи Стефановски и Евгениј Поп Ацев, преку својот личен интегритет и авторитет да го заложат да ги поканат пливачите, со цел годинава да се одржи Охридскиот пливачки маратон.

Во разговори со компании последните 12 часа, нагласи, дека успеале да обезбедат одреден фон, а по средбата со директорот на Агенцијата за млади и спорт и поддршката од нивна страна ќе направат финансиска конструкција со која би се одржал.

– Од разговорот со Охридските клубови, кои всушност се организатори на настанот технички се спремни да го организираат, а околу финансиите потребни се околу 50 000 евра. Оваа година би можеле со толку да организираме и Општина Охрид е спремна сетоа тоа да го понесе, нагласи Пецаков.

Претседателот на здружението „Охридски бранови“, Кочо Паскали рече дека се подготвени техничи да го оргнизираат маратонот.

– За една трка од 29-30 пливачи, се ангажираат 200 луѓе за кајчиња, старт, патека…. Тоа е работа која сака студиозно и сериозно работење. „Охридски бранови“ има свои реквизити за старт, патека, цел, луѓе со кои соработува годините за пловни објекти, глисери, судии…. За 24 часа како клуб во соработка со Црвен крст – Охрид можеме да го организираме маратонот. Но проблем се пливачите и средставата, рече Паскали.

Сметката на пливачката федерација, посочи, била блокирана повеќе од 10 години и за надминување на проблемот потребно било да се излезе со информација каде и колку се должи за да може да се раздолжат.

Информацијата за неодржување на 60. издание на Охридскиот пливачки маратон вчера ја објави претседателот на државата Стево Пендаровски, под чие покровителство се одржува манифестацијата, по средбата со претседателот на Националната пливачка федерација Горан Стојановски.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *