ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА АНТИЧКИТЕ ЕЛИНИ – ГРЦИ ВО ЧЕТВРТИОТ ВЕК ПРЕД Н.Е

 

Александар како и секој друг човек беше под влијание на своето време и родното место, но неговиот дух беше зазел таков тек, до кој природниот развој на неговото време и околина никогаш немало да доведат до крај. Како и секој голем водач на луѓе, тој самиот се уфрлил во текот на епохата, но, не си дозволил да биде понесен или издигнат од брановите, спротивни на неговите идеи на кои жестоко им се противставувал.

Несомнено, тој може да се смести како феномен во четвртиот век и може да се смета како претходница на елинизмот – име на кое му се додава подоцнежната трансформација на класичниот елинистички свет што тој го започна – претходница на која тој прв и дава целосен сјај. Се покажа дека во многу случаи тој ги исполнил задачите на своето време.

Почетната работа на неговиот велик татко Филип Втори Македонски била најзначајна. Од него тој не само што го наследил инструментот за победа, неспоредливата македонска војска, туку и решението на античкото грчко прашање во Коринтската лига и идејата за панелинистичка војна на освета против Персија.

Несомнено, во исполнувањето на своите идеи, Александар Македонски постепено беше го модифицирал она што го наследил, односно, отстапил од татковата врвица. Но без Филипа, кој исто така е една од големите личности на светската историја, Александар не може да се сфати.

Затоа прво треба да се претстават политичките, интелектуалните и економските тенденции на тогашниот свет во четвртиот век, односно во колкава мера тие придонесуваат да се оцени издигнувањето на Македонија под Филип Втори Македонски и нашата почит кон Александар Трети Македонски.

По пропаста на Атина и на Атинската империја во Пелопонеската војна, Спарта стана победник и продолжи со брутална жестина да ја воспоставува својата врховна власт над античките Елини-Грци и да воведе олигархиски институции наместо демократиите што претходно им беа омилени на Атињаните

Победата, меѓутоа, не беше извојувана со сопствени сили, туку преку скандалозниот сојуз со Персија, откажувајќи се од своите братства во Мала Азија, потомците на аеолијанските, ионијанските и доријанските колонии, во полза на Големиот персиски крал.

Иритирани од бесмислениот став на радикалните демократи на Атина, наместо да го обноват Мирот на Калијас со Дареј II, се вплеткаа во внатрешните работи на Персиската империја, а Големиот персиски крал од 412 година, ги помага Спартанците со своите неисцрпни средства.

За возврат на тоа, тие беа подготвени, без национално гнасење, да се откажат од античките Грците во Мала Азија, за чија слобода Делијанската лига што била организирана од Атина се бореше активно сеʼ до 448 година, која се зема за дата на Мирот на Калијас.

Персиското злато е тоа што ја изгради флотата со која Спартанците го совладаа отпорот на Атина, и најпосле (404) се истошти и капитулира, и така во еден напад Персиската империја, и покрај внатрешната слабост, станала значаен фактор во античката грчка историја.

Вистина е дека Спарта, која наскоро се скара со својот сојузник, веќе се компромитира во Суса со тајната помош на принцот Кирус во нападот со славните десет илјади против својот брат Артаксеркс Мнемон и го крена мечот против Персија, според официјалните извори, со цел да ги заштити азиските Антички Елини-Грци, кои беа казнети за нивното учество во таа експедиција.

Но, патриотските мотиви одвај можеа да бидат решавачкн фактор за тоа, зашто пред тоа тие ладнокрвно ги наградија градовите на Персијците. Тоа, всушност, беше повеќе алчност да се задржи силната позиција што ја освоија во Мала Азија, главно, пред големиот Лисандер, а можеби исто така желбата, како што сакаа боговите на Античка Елини-Грција, да се исчистат самите себеси од дамката на сојузот со Персија.

Меѓутоа, додека спартанските војски најпрвин под други команди и на крајот под командата на Агесил се бореа против Персијците преку море, дома владее омраза од бруталното владеење на силата. Затоа се појави заедничко движење во Спарта, Теба, Атина, Коринт и Аргос, кое го принуди Агесил да ја прекине војната со Персија и да се бори во Елада против сојузниците.

Потоа повторно персиското злато ја одигра својата улога, меѓутоа, овојпат на страната на сојузот. Повеќе решавачки ефекти од победата на Агесил кај Коронеја имаше победата над персиската флота во Книд под команда на Атињанинот Конон (394); тоа значеше пропаѓање на моќта на Спартанците на море, а Конон можеше да ги обнови ѕидовите околу своите градови со помош на персиското богатство.

Оваа меланхолична граѓанска војна, меѓутоа, која увредливо ја покажа бедата и неизлечливите делби на античката грчка групација, продолжи многу години со променлив успех.

По бунтот во Атина, Атињаните беа охрабрени и го поддржаа револтот во Персија на кипарскиот принц Еугора и непослушноста на Египет, a co новото групирање на силите ја доведоа Спарта во врска со Персија, па таканаречениот Кралски мир беше склучен во 386 година, што исто така беше именуван според вештиот Спартанец кој го договори мирот со Анталкид.

 

Продолжува

       Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *