НАУЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН

 

Според Улрих Вилкен, нe e лесно да се пишува за посебниот живот на Александар Македонски во континуитет, поради празнините и искривеноста на настаните кои преминале вo    преданија. Без сомнение, тешко е кога описот е наменет во прв ред за широкото население и за образованите читатели со нивните различни интереси и различни склоности и ставови кон древниот свет.

He e лесно да се сфати личноста на Александар Македонски. Откако Драјзен во 1833 година го поплочи патот за идните истражувачи со своето извонредно дело, правејќи го првиот чекор, ваквите различни концепции на великиот монарх беа забрзани и затоа не би било претерано ако се рече дека секој истражувач има еден Александар за себе.

Како дојде до тоа и по еден век на ревносно проучување, Александар Македонски се‘ уште да биде проблем и предмет на расправа? На прво место треба да се земе предвид фрагментарниот карактер на нашите традиции. Како последица на доминантното влијание на класицизмот во времето на кралевите голема загуба претрпе, главно, елинистичката проза, а особено литературните дела за Александар, посебно помеѓу неговото време и владеењето на Августин.

Зашто подоцнежните автори ги искористија и создадоа идеи приближни на старите автори кои пишувале или во времето на животот на Александар или веднаш потоа, како што се Калистен, Онесикрит, Неарх и други, или Клитарх, кој околу 310 година пред н.е. го направи, веќе делумно легендарниот Вулгате, или Аристобул и Птолемеј, синот на Лаг, кој како крал на Египет, од лично сеќавање и со употреба на официјалниот дневник на Александар Трети Македонски, ги напиша своите мемоари, кои се толку многу важии од војнички аспект.

Разбирливите зачувани кажувања почнуваат само од периодот на Августин. Најнапред тука се Диодор и Помпеј, последниот само во бледите цитати на Јустин од вториот век, потоа доаѓа Куртиус Руфус во текот на владеењето на Веспазијан и на крајот Плутарх и Аријан во вториот век.

Првите тројца ги црпат податоците од Клитарх. Аријан најдобро информира за воените подвизи на Александар, бидејќи неговиот најдобар извор му е Птолемеј. Меѓутоа, штом се сака да се даде оценка за Александар Македонски како државник или економист, или да се навлезе во неговиот живот или во неговата личност во целина, вед-наш се соочуваме со тоа што треба да се опише една натрупана урнатина.

Второ, во самата древна литература има дијаметрално спротивни концепции и оценки за Александар Македонски. Од една страна, има погодни, не панегирички слики, од друга, пак, омаловажување, дури непријателски судови кои го прикажуваат како извештачен деспот од Исток, или како авантурист што се здобил со среќа. Ова двокарактерно предание придонесе да се има широко несогласување меѓу современите автори.

Најголемата тешкотија лежи во личноста на Александар Македонски. Покрај тоа што неговиот карактер е многу комплексен и содржи јасно непомирливи спротивности, има и натчовечки квалитети. Неговиот гениј никогаш докрај не може да се објасни и затоа некои работи остануваат неразјаснети.

Загатката за неговиот живот не може да се реши само со разум, бидејќи, покрај чистиот трезвен интелект, тој во себе има и многу нешто што не е разбирливо. Доколку Александар Македонски едноставно биде опишан како ладен пресметлив политичар, ќе се запостават романтичните и мистичните црти во неговиот карактер.

Најпосле, неговите достигања предизвикувагт голема збрка поради тоа што прераната смрт го прекинала во средината на неговата активност. Пред нас имаме еден сјаен почеток, но во ниеден момент не е кажан последниот збор.

Изучувањето на историјата често може да биде потешка задача отколку обидите да се добие вистинската слика зa личноста на Александар Македонски. Никој не може да претпостави дека го добил вистинскиот портрет. Но, приближно на тоа е искушението како обид што претставува лична награда на авторот затоа што се занимавал со тоа.

Ова бара многу испитувања во нашево време, па така тоа стана моја преокупација уште од млади денови. Мојата цел во оваа книга е да го прикажам растењето и развојот на личноста на Александар Македонски, која е во постојан процес на еволуција, и да покажам како идеите постојано се ширеа и се создаваа во неговиот ум.
Во врска со тоа се обидов да му презентирам на читателот поврзано раскажување за неговиот живот. Тоа го претставувам со описот на времето во кое тој се родил и на крајот додавам преглед на ефектите од неговото животно дело врз идните периоди. Ова го напиша Улрих Вилкен во Берлин, во јануари 1931 година.

Исто така, тој напиша дека Александар Македонски отвори една нова ера во историјата на светот и со своето животно дело го определи развитокот во многу наредни векови. Тој е еден од највпечатливите меѓу големите луѓе на историјата, бидејќи неговото дело е остварено во многу кратко време.

Кога умрел, тој се‘ уште немал наполнето триесет и три години. Како голем освојувач ја импресионира човечката имагинација на сите раси. Го подјармил Исток и навлегол во Индија, земјата на чудата. Легендата за него, еднакво прифатена на Исток и на Запад, го доведува до тогашните граници на Земјата, па дури и до вратите на рајот.

Трајниот резултат на неговиот живот, меѓутоа, не е импресијата што ја освои со тешка борба, туку со развој на цивилизацијата широко во светот. На овој начин неговата моќ влијаеше и влијае врз историјата на човештвото дури и до наше време. Прво имал желба да создаде своја империја, решен на бојното поле да создава услови за проширување на новата цивилизација.

Во дискутабилното прашање, кои се силите што ја создаваат и ја формираат историјата, Александар е најочигледен пример во корист на погледот што ја определува решавачката улога на личноста. He може да се сфати Александар како гениј од околината во која живеел, или како продукт на неговото време и на државата.

 

Продолжува

       Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *