ЛАМБЕ АЛАБАКОВСКИ – ПЕАЧКА ЗВЕЗДА И УЧЕСНИК НА „ИЛИНДЕНСКИТЕ СРЕДБИ“ ВО ЉУБОЈНО

Кога се пишува за македонската поп музика, името и и делот на Ламбе Алабаковски е тесно поврзано.Тој е една од музичките ѕвезди во Македонија која остави вечни траги особено во забавната, а имаше обиди и на полето на  народната македонска музика. Тој е уважен и многукратно докажан и потврден македонски пеач. Ламбе е посветен на македонската забавна музика, на македонската убава песна.

Ламбе Алабаковски познат и признат естраден уметник, кој со својот имиџ на убав македонски маж, со начинот на изведбата на својата песна и со неговите сценски способности и надареност подолг период беше меѓу врвните македонски пеачи. Ламбе беше една од најголемите ѕвезди на  македонската музичка сцена и пошироко на балкансканските простори, до заминувањето во Соединетите Американски Држави.

Во еден долг период тој имаше успешна кариера, многу концерти и беше обожаван од публиката, особено од младата популација. Сега во новата средина, на американските простори, тој е познат како иселеник, а со тоа и еден од преселниците, доблесни активисти и борци за македонската кауза.

Исто така, на Ламбе Алабаковски осебно место му припаѓа неговото учество на „Илинденските иселенички средби“ во Љубојно. Тој, заедно со бројни естрадни уметници, познати музички состави, фолклорни групи и друштва од Македонија и од дијаспората ја збогатувал илинденската атмосфета во Љубојно. Ламбе оставил траен белег и ги правел средбите да бидат вечни. Тој  настапил на средбите уште пред повеќе од дваесет години и секогаш кога бил слободен бил во Љубојно за да ја збогати илинденската атмосфера. Затоа со право се вели дека Ламбе Алабаковски беше дел од „Илинденските иселенички средби“ во Љубојно.

Ламбе Алабакоски е роден на 15 ноември 1987 година во Битола, градот на конзулите, градот на Широк Сокак, градот од кој излегле голем број познати македонски музичари. Неговите семејни корени се длабоки и се протегаат до Љубојно, во Долна Преспа.Тој е одраснат во домот на дедо му Ламбро и баба му Менка Алабаковски, во „Бубутиовска маала“, во куќа спроти „Зградата на полицијата“, на дваесеттина метри од куќата на авторот на овие редови, Славе Катин. Таму Ламбе се радуваше и ја „кроеше“ неговата музичка иднина. Тоа е дом во кој тој и неговиот брат Андреј ги поминаа најубавите детски денови исполнети со љубов и топлина од семејството и околината во Љубојно

1lam2112

Магдалена и Ламбе

Ламбе покажуваше интерес за музика од мала возраст. Пееше заедно со неговата надарена за пеење баба Менка, а беше охрабрен и од неговиот татко Лазар, кој денес е пензионер после неговата долгогодишна кариера како просветен музички работник. Лазо, како што во Љубојно го викаме беше успешен наставник по музика и еден мандат беше и директор на Осумгодишното училиште „Димитар Влахов“ во Љубојно. Притоа, за карактерот на добар, честит и трудољубив човек на Ламбе има голем придонес неговата покојна мајка Марија, која беше олицетворение да македонска добра, честита и вредна жена.

Ламбе наследи да биде дружелубиво добро момче во текот на сите пионерски години. Основно обрасование заврши во Осумгодишното училиштето „Димитар Влахов“ во Љубојно, Средно музичко училиште во Битола, а студираше на  „Евро-колеџот“ во Куманово. Својата музичка карија ја започна на седумнаесет годишна возраст, кога и се вивна во македонското музичкото небо.

Во пишаните документи за Ламбе Алабаковски е забележано дека музичката кариера тој ја започнал и стана познат откако победи на М2 продукцијата „Плеј – по трага по ѕвезди 2004″. Неговиот прв хит беше „Спаси ме“, компониран од познатиот македонски композитор Дарко Димитров. Тогаш се пласираше во финалето и го изведе хитот „Спаси ме“ и го освои публиката за телевоутинг. Исто така, во тој период на македонската музика, заедно со Ламбе беа откриени и новите М2 ѕвезди Елена Ристеска и Александра Пилева.

Ламбе неговата кариерата ја продолжи и во 2005 година, кога ја сними својата втора песна под наслов „Каде песно моја“ („Каде е мојата песна“) стара песна компонирана од Славе Димитров. Истата година, Ламбе, заедно со поранешната колешка од М2, Александра Пилева, отпатуваа во Брашов, Романија, за да учествуваат на фестивалот „Златен елен“. Тој го изведе својот македонски хит „Каде песно моја“ и романската песна наречена „Драгостеа меа“. Подоцна истата година во октомври, Ламбе учествуваше на годишниот фестивал во Македонија „Макфест 2005“ во Штип каде успешно ја промовираше својата нова песна „Ех да мозам“ („Ако би можел“). За време на празниците, Ламбе објави уште еден сингл наречен „Кажано е се’“ („Сè е кажано“), кој доминираше на топ листите.

Популарноста на Ламбе растеше многу брзо и тој стана познато име во Македонија. Неговите песни станаа многу популарни и многу брзо беа на врвот на топ листите. Во 2005 година, Ламе го сними својот следен сингл „Каде песно моја“ („Каде е мојата песна“) стара песна од Славе Димитров, која не само што стана инстант радио хит, туку беше и првата македонска песна што беше продадена како преземање на Интернет .

Во текот на февруари 2006 година, Ламбе учествуваше во добротворна песна наречена „Отвори очи“ („Отвори ги очите“) од Дарко Димитров, во која учествуваа македонските диви Елена Ристеска, Калиопи, како и Александра Пилева, Адријан Гаџа и Маја Гроздановска -Панчева. Набргу после тоа, МКТВ го откри списокот на учесници за националниот македонски избор за Евровизија за 2006 година, а Ламбе беше учесник со песната „Повеќе од солзи“ („Море од солзи“) напишана од Дарко Димитров и текст на Елена Ристеска.

Во март 2006 година, Ламбе и уште деветнаесет уметници излегоа на сцената во Скопје за да се натпреваруваат за првото место. Иако не победи, Ламбе го освои третото место со 5 282 гласови. Откако имаше толку многу успешни песни, Ламбе го издаде својот деби албум со наслов „Море од солзи“, кој содржи 10 песни составени од неговите минати хитови и некои нови материјали. Во јуни, Ламбе се натпреваруваше на фестивалот Будва во Црна Гора со српската песна „Да могу време вратити“ и во дует со Александра Пилева. Тие стигнаа до финалето со „Да могу време вратити“ и завршија на 12-то место.

Во 2013 година Ламбе влезе во брачните води. Се ожени со неговата лепотица – сопругата Магдалена, убава битолчанка, која е на распетие меѓу Битола и Детроит. По двегодишен брачен живот и престој во Битола и бројни патувања по светот, македонскиот популарен пеач Ламбе Алабаковски заедно со својата сопруга Магдалена и синот Михаил заминаа да живеат во Детроит, Мичиген, во Соединетите Американски Држави. Таму му даде Господ уште едно машко, кое го носи името Димитриј.

Ламбе, откако со сопругата Магдалена и со синот Михаил се пресели во САД, се посвети на приватен бизнис, и како што вели музиката не му фали, затоа што музиката и песната се дел од него. Имено, работи како транспорт оператор со своја мала фирма на аеродром, а сопругата Магдалена е добра и грижлива мајка. која во слободното време се занимава со нејзината професија како медицински кодер на софтвер. Таа многу му помага на Ламбе од самиот почеток да се навикне на промените во новата средина, каде Ламбе можеби е физички присутен,  но веруваме дека срцето и душата му се во Македонија.

1lam2113 1lam2114

Ламбе Алабаковски на „Илинденските иселенички средби“

Со заминувањето во Америка Ламбе Алабаковски не е музички активен, барем не пред публика, но јавноста  никогаш не загубила интерес за него. Тој уште грее публиката со своите песни: „Врати ми го срцето “и ,„Море од солзи“, а ниту еден Божиќ на радио станиците не поминува без неговата „Да не те љубев“. Во САД Ламбе се соочи со прашањето дека луѓето навистина немаат време и многу работат. Стекнал нови познанства и пријатели и многу научил во текот на престојот во САД, каде живеат буквално луѓе од целиот свет па има што да се види и да се научи и каде различностите се ценат и се почитуваат.

Во Детроит Ламбе е познат и почитуван од сите  Македонци од етничка Македонија. Тој е чест гостин во македонските православни цркви „Свети Ѓорѓи Кратовски“ и „Света Богородица“, а неговите хитови се вртат на радио станиците по САД:

Некогашниот македонски пејач Ламбе Алабаковски заедно со своето семејство веќе неколку години живее надовор од Македонија односно во САД. Тој го замени микрофонот со работа како обезбедувач на аеродром. Иако не е дел од јавната сцена, Ламбе е дел од социјалните мрежи, каде ги радува своите пријатели и обожаватели со празнични фотографии.

Според зборовите на Ламбе, во новата средина во САД музиката е во него. Таа не може да му фали, но естрадата и сцената публиката се незаменливи и му фалат, но не дека жали или слично. Вели дека едноставно, сè во свое време и природно се случило па така сега поголем приоритет му е семејството. За сето друго има време тој има желба и љубов и здравје да направи и нови проекти песни па можеби и концерти, и дека би сакал да ја види публиката во Македонија.

Крај

1slave 9Пишува СЛАВЕ КАТИН

3 thoughts on “ЛАМБЕ АЛАБАКОВСКИ – ПЕАЧКА ЗВЕЗДА И УЧЕСНИК НА „ИЛИНДЕНСКИТЕ СРЕДБИ“ ВО ЉУБОЈНО

  1. Wow, marvelous blog layout! How long have you been blogging
    for? you made running a blog glance easy. The full look of your website is excellent, as well as
    the content! You can see similar here ecommerce

  2. Hi there! Do you know if they make any plugins to help with SEO?

    I’m trying to get my site to rank for some targeted keywords but
    I’m not seeing very good success. If you know of any please share.
    Kudos! You can read similar article here: List of Backlinks

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *