МОНОГРАФИИ ЗА ГОЛЕМИОТ БИЗНИСМЕН И МАКЕДОНЕЦ ЃОРЃИЈА-ЏОРЏ АТАНАСОСКИ

1katin22

Делото Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски“ чии автор е Славе Николовски-Катин е едно од најзначајните изданија во македонското иселеништво. Првото и второто издание на монографиите насловени  Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски“ (2012)  (2015) се публикации на издавачката куќа  „Македонска искра“ од Скопје и ТВ Сонце од Скопје, отпечатена на 468 и на 496 страници (на македонски и на англиски јазик. Во овие изданија се дадени животот и делото на најголемиот бизснисмен и еден од донаторите во македонското иселеништво Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски.

Во монографиите се вели дека Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски е исклучително голема, позната, призната и неодминлива личност во македонската дијаспора  и во Македонија. Тој, без сомнение, е еден од економски најуспешните Македонци во светот. Иако подолго време живее на Флорида, во Соединетите Американски Држави, од своето емигрирање до денес тој е длабоко и силно поврзан со судбината, вистината и настаните во Македонија. Џорџ Атанасоски е Македонец по националност и православен христијанин по вера. Тој е еден од најголемите иницијатори и организатори на одбраната на македонското име, особено на македонското знаме од Кутлеш (Палатица). Џорџ Атанасоски е бранителот и афирматорот на историјата и честа на македонскиот народ и Македонија во светот, посебно во Северна Америка.

Во овие мигови на распетие на Македонија, кога Република Македонија е меѓународно призната, иако не под нејзиното уставно име, тој ги изложува своите погледи за можностите за македонски, стопански, економски, културн и верски препород, како и за натамошен демократски развој како суверена самостојна и независна држава на овие балкански ветрометини.

Господинот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски е роден на 18 февруари 1952 година во селото Марул, Прилепско, од татко Алексо и мајка Спасија. Во 2012  година го прослави своето шеесетто лето Господово на наговиот бурен живот, за кој со право се вели дека тој е еден од најуспешните македонски бизнисмени во светот. Тој во брак има четири сина кои успешно одат по неговите стапки. Во неговото потесно семејство се и сестра му Виолета, која е кардиолог на Флорида, а брат му Јосиф е позната и призната личност во бизнисот во американското општество.

Во 1970 година, Џорџ Атанасоски заминува за САД, кај својот постар брат Јосиф, со кого ја почна својата кариера како инженер вработен на Универзитетот во Њујорк. По само пет години сложните браќа формирале своја фирма што подоцна ќе прерасне во голема компанија. Седиштето на „Мајкрофлекс инк.“ е во Ормонд Бич на Флорида чии целосно автоматизирани погони се распослани на над 16 илјади квадратни метри.

Меѓу другите активности во новата средина во Соединетите Американски Држави, господинот Атанасоски стана член, а подоцна и секретар (1974-1980) на една од најстарите македонски организации во Северна Америка, Македонската заедница во Њујорк. Организацијата ја промовира македонската нација, нејзината историја и култура. За време на работата во Македонската заедница во Њујорк, тој ја обединил македонската заедница преку спонзорирање на социокултурни настани, вклучувајќи и фолк-фестивали, симпозиуми, вечери на поезија, спортски настани и слично. Тој е особено активен во промовирањето на демократијата во Македонија.

Имено, тој е шеф на Организацијата за заштита на македонското име, знаме, Устав, како и промотор на признавањето на Македонија како суверена држава од страна на земјите во светот. Паралелно со промовирањето на демократијата во Македонија, во мај 1992 година, господинот Атанасоски ги фоку-сирал своите напори за финансиско помагање на Светскиот македонски конгрес (СМК). Оваа асоција е широка организација која го форсира цивилното општество и економскиот развој, ги координира и им дава техничка поддршка на невладините организации.

Истата година, Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски е избран за претседател на Светскиот македонскиот конгрес за Северна Америка, една од највлијателните македонски невладини организации во светот. Неговата работа во Светскиот македонскиот конгрес резултира со организирање хуманитарни активности за спонзорирање на истражувачки работи од областа на историјата во Македонија.

По осамостојувањето на Република Македонија, господинот Атанасоски активно се вклучил на македонската политичка сцена, а на меѓународен план е еден од најголемите борци за зачувување и негување на националните интереси на Маке-донците во земјава и во светот, при што особено внимание посветува на нивниот економски напредок.

На 24 јуни 1994 година, за да ја назначи важноста и да создаде верба во независните медиуми, тој го кофинансирал, организирал и етаблирал првиот светски македонски неделник „Македонско сонце“, кој успешно опстојува на македонскиот медиумски простор, кој е отворен за секој граѓанин во земјата и во светот.

Како резултат на неговата политичка кариера, на претседателските избори во октомври 1994 година, македонскиот бизнис-мен Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски се кандидираше за независен кандидат за претседател на Република Македонија. Исто така и во 1999 година Атанасоски се кандидирал за претседател на Македонија, со желба, доколку ја добие довербата на граѓаните, да ја унапреди демократијата во земјата, да промовира економски систем базиран на принципите на слободен пазар и држава во која ќе владеат законите на правниот систем. Основната агенда во неговата кампања била да се забрза економскиот и социјалниот развој на Македонија. За жал, од познати причини не успеа да ја реализира својата намера.

Продолжува

1Dusan Ristevski ДУШАН РИСТЕВСКИ – МАКЕДОН

One thought on “МОНОГРАФИИ ЗА ГОЛЕМИОТ БИЗНИСМЕН И МАКЕДОНЕЦ ЃОРЃИЈА-ЏОРЏ АТАНАСОСКИ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *