ГЕОРГИ ДИМИТРОВ ЗА МИХАЈЛОВ: НАЈСТРАШЕН ВНАТРЕШЕН НЕПРИЈАТЕЛ НА ИДЕАЛИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

Георги Димитров за Михајлов: Најстрашен внатрешен непријател на идеалите на македонскиот народ

Георги Димитров бил бугарски политичар со македонско потекло, кој бил премиер на Бугарија од 1946 до 1949 година. Тој важи за прв челник на Бугарија што ја признал македонската националност. Во негова чест, неговото име го носи и една од скопските гимназии.

Бугарската историографија пак се обидува да изгради негативен лик на Димитров како предавник на бугарската национална идеја.

Димитров се стекнува со светска слава кога при Лајпцишкиот процес организиран од германските нацисти со цел да се обвинат комунистите за палањето на Рајхстагот во 1933. Тогаш тој многу успешно се одбранува и успева да биде ослободен од обвинението.

Имајќи го предвид неговиот стекнат имиџ при овој процес, Сталин во 1934 го поставува на чело на Коминтерната. Димитров ја врши функцијата генерален секретар на Коминтерната сè до нејзиното распуштање во 1943.

По доаѓањето на власт на Отечествениот фронт во Бугарија во септември 1944 година, Димитров останува во СССР, а во Бугарија се враќа откако таа е прогласена за народна република, по референдумот од 15 септември 1946 година. Набрзо, во ноември 1946 година Димитров бил избран за премиер на Бугарија.

Георги Димитров во 1934 година испраќа писмо од Москва до Четвртиот конгрес на Македонскиот народен сојуз кој се одржувал во Чикаго.

Во писмото тој пишува дека се чувствува неразделно сврзан со судбината на македонскиот народ и како бугарски пролетерски револуционер, и како син на семејство кое потекнува од Разлог.

Бугарскиот пролетаријат животно е заинтересиран за национално ослободување на Македонија. Националното угнетување на македонскиот народ е извор на јакнењето на угнетувањето на работниците и селаните во Бугарија, Југославија и Грција. Поделена и ограбена Македонија претставува јаболко за раздор меѓу балканските империјалисти и извор за постојана опасност од воени судрувања и немири на Балканот. Во својата борба за ослободување македонскиот народ нема и не може да има други вистински пријатели и сојузници освен револуционерните работници и селани во Бугарија и на Балканот, пишува Димитров во писмото.

Понатаму тој се осврнува и на внатрешните непријатели на македонското движење и како еден од главните непријатели го спомнува Ванчо Михајлов.

Македонското движење има многу непријатели. Но најстрашен е неговиот внатрешен непријател — тоа се агентите на бугарскиот империјализам, бугарскиот монархизам, бугарскиот фашизам и пред се’ бандата на Михајлов. Преку тие агенти бугарската буржоазија го ползува македонското движење за своите егоистички интереси и за закрепнување на својата крвава диктатура врз самиот работен народ на Бугарија. Со помош на таа банда, која се нарекува Внатрешна македонска револуционерна организација (ВМРО) со кое ги оскрнува идеалите на македонскиот народ, цанковистите успеаја на 9 јуни 1923 да ја урнат земјоделската влада и да организираат крвав терор против работничките и селанските маси, пишува Димитров.

Димитров ја посочува „бандата на Михајлов“ за одогворна за ликвидацијата на многу македонски револуционери и тоа по наредба на бугарските фашисти.

Нејзините главоресци беа искористени за убиство на повејке од 2.000 работници, селани, интелектуалци во врска со провокаторскиот атентат во Црквата св. Недела во април 1924 година. По наредба на бугарскиот фашизам, тие подло го убија великанот на македонското револуционерно движење Димо Хаџи Димов, храбриот македонски народен пратеник Христо Трајковски, многу Македонци со поинакви погледи, како и такви славни работници во бугарското работничко движење како што беше работничкиот народен пратеник Напетов. Не е возможна успешна борба против националното угнетување и за ослободување на македонскиот народ без конечно изолирање од македонските маси на оваа штетна банда, без потполно елиминирање на нејзината предавничка ролја во македонското движење и во внатрешниот политички живот на Бугарија, смета Димитров.

Тој во писмото заклучува дека само единствена револуционерна борба на македонскиот народ во најтесен сојуз со работниците и селаните во Бугарија, Југославија и Грција може да доведе до победа на македонската ослободителна револуција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *