УЧЕСТВО НА АНСАМБЛОТ „ТОМОВ“ НА ИЛИНДЕНСКИОТ ФЕСТИВАЛ ВО БИТОЛА

Фолклорниот ансамбл „Томов“ од Њујорк имаше успешни турнеи низ Македонија, за кои бројни написи беа објавени во разни информативни гласила. Во продолжение ќе поместиме серија написи од членовите на Ансамблот објавени во магазинот „Њузлетр“. Првиот текст е на Џон Брандо и се однесува на Илинденски фестивал во Битола.

Во текстот Џон Брандо го вели следното: „Битола, град во јузниот дел на Македонија во близина на грчката граница, е место во кое се одржува фестивалот на народни Илинденски денови. Илинденските денови го слават споменот на македонското востание од 1903 година против турците и се слични на нашиот 4-ти јули.

Во Битола, Илинденските денови се состојат од четиридневен фестивал на народни песни и ора. Пред 1979 година, учествуваа исклучиво Македонци од Македонија. Но, оваа година, освен Ансамблот „Томов“, имаше групи и од Мичиген, Австралија, како и од други делови на Југославија.

Фестивалот започнува со парада, вечерта во среда, на 29 јули. Фолклорните групи, облечени во носии од нивните села или краеви, се собраа на назначеното место на периферијата на градот, а потоа заедно се упатија кон центарот на градот за големата парада. Потоа, си пробија пат до местото на кое се одржуваше  фестивалот каде концертите се одржуваа во четири последователни дена од 20 до 22 часот.

Местото на одржување на фестивалот беше на отворено со голема сцена и место за 10.000 луѓе. Секоја вечер, програмата  беше мешавина од музика, играње, пеење и фолклорни ритуали. Музиката и песните беа различни од традиционални песни и инструменти до поновата музика во фолк-стил. Играњето, сепак, беше ограничено на селскиот стил.

1sul12 Музејот во Битола

Селските ора, во најголем дел, беа изведувани во права линија или во круг и се состоеја од основен чекор, проследен со една или повеќе варијации во чекорите. Понекогаш, овие варијации гласно ги именува ороводецот, но во повеќето случаи едноставните кореографии беа аранжирани за фестивал кој вклучува одреден шаблот на черкори.

Многу често, една група ќе го започнеше својот настап со одигрување на сцена од селскиот живот, како на пример предење и ткаење, косење жито (една група всушност имаше стебла од пченица од стиропор), готвење, итн. Типична програма на една група се состои од три или четири ора, секое презентирано како целина со пауза помеѓу секое оро. Многу често, по женското оро следеше машко оро, а потоа нивните редови се спојуваа за третото оро.

Овие ора можеби изгледаат едноставни за оние кои се запознати со комплицираните чекори и шеми што може да се видат во многу кореографии во Њујорк и во други делови на Америка, но презноста на спретноста на нозете, во спрега со живата музика и изворните носии, направија овие ора да бидат незаборавни. Стилингот и единството на движење, пристутни дури и кај најмалдите играорци (некои од нив дури и четиригодишни) ги направија овие ора толку возбудливи. Фестивалот на гледачите им даде можност да го вкусат богатството на разноликоста во рамките на македонската фолклорна традиција.

Во текстот под наслов „На турнеја со Томов“, Лоис Титеворт пишува дека 4 јули во Југославија и Македонија е државен празник како нашиот Ден на помен на загинатите. На околу 14 милји од Охрид, се наоѓа селото Белчишта, а во негова близина е планината/рид? Каде се одвивале жестоки борби со Германците во II Светска војна во кои многу Македонци беа убиени. На врвот од планината, има споменик во чест на загинатите борци.

На тој ден, посебни церемонии се одвиваат таму на кои присуствуваат илјадници мештани и, претпоставувам, малубројни туристи. Георги ја однесе нашата група таму. Тој беше изнајмил автобус и кога дозна дека во него нема доволно седишта за сите нас, рече: ,,Некои од нас ќе мора да останат.” Тоа беш многу заплачувачко зашто природно ние сите очекувавме да одиме; но, се испостави дека нашиот Георги повторно употребил погрешен збор – она што тој навистина мислел е дека некој од нас ќе треба да стојат во автобусот! Тоа не беше далеку, така што немаше проблем (но проблем)!

По патот до планината, имаше тезги на кои се продаваа овошја, играчки и слично. На далечната страна од планината, на нејзиното подножје, имаше поставено бина. Луѓето се собираа на падините за да ги гледаат церемониите. Неколку функционери држеа долги говори. Се разбира дека не разбравме ниту збор.

Потоа, следеше музика и играње на некои фолклорни групи кои настапуваат на Охридскиот фестивал. Вендел и јас седнавме на тревата до едно стебло. Сонцето печеше и добив изгореници по телото бидејќи бев оскудно облечен. Веднаш до мене, седеше една мештанка целата замотана. Имаше облечено долга волнена сукња, дебели црни чорапи, веројатно неколку потсукњи, блуза со долги ракави и џемпер, а главата замотана со марама.

1sul13

Гледаше во мене со љубопитност, а јас во неа кога нашите очи се сретнаа и разменивме големи насмевки. Како во Св. Наум неколку дена пред тоа, имаше раштркани групи од музичари кои свиреа на групи играорци наоколу на планината. Во 12:30, се собравме кај нашиот автобус и заминавме за Струга, недалеку на север од Охрид, за да ручаме во убавиот нов хотел ,,Бистра”, кој беше отворен само три дена пред тоа. Изграден е на страната на една латица на езерскиот брег. Всушност, голата карпа на латицата претставува внатрешен ѕид од трпезариајта на хотелот. Додека се приготвуваше ручекот, имавме можност да прошетаме наоколу. Вендел и јас отидовме на брегот.

Видовме неколку мали момчиња како играат бадминтон на едно игралиште и Вендел отиде и им се придружи во играта. Потоа, две момчиња ми се приближија и ми прозбореа. Бидејќи не можев да им одговорам на нивниот јазик, реков: ,,Американски турист.” Тие се замислија малку, барајќи англиски зборови, а потоа со голема насмевка едниот рече: ,,Ах, Никсон! Вотергејт!” Леле, тоа беше актуелано во таа година, а тоа беше и степенот на нивниот  англиски вокабулар!

За ручек, јадевме охридска пастрмка која исто така ја имавме и во нашиот хотел во Охрид. Таа е сосема вкусна. Пастрмката е ретка риба, скоро вид кој изумира. Ми кажаа дека таа постои само на уште едно место во светот, некаде во Јапонија!! Месото е розево и многу вкусно и деликатесно.. ммм.. ах.

Георги понесе со себе еден магнетофон што понекогаш го користевме за играње оро во една голема сала на вториот кат или надвор на терасата. Секоја вечер, оркестарот свиреше музика во американски стил на терасата под нашите балкони. Една вечер ги гледавме од наштио балкон бидејки оркестарот завршуваше со свирење на полноќ. Некои од нашата група сеуште беа долу кога неколку свирачи на зурла дојдоа и беа замолени да свират ора. А зурлите се навистина бучни! Дел од хотелскиот персонал со трчање им се приближија и им рекоа дека е премногу доцна за било каква галама. Па така, зурлаџиите продефилираа кон езерот, сеуште свирејќи, пропратени со група од наши играорци, … токму како гајдаши.

Неколку добри наши пријатели беа отидени на три-неделен одмор во Македонија неколку години пред тоа. Изнајмиле автомобил и се возеле низ северните и централните делови. Се вратила дома разочарани велејќи дека за тоа време не слушнале изворна музика и дека не виделе никого во народни носии! Сигруно разликата е во тоа со кого одите и кој ве води“.се вели во текстот.

Продолжува

1slave 3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *