ОМО „ИЛИНДЕН“ И ОМО „ИЛИНДЕН – ПИРИН – ЗНАЧАЈНИ МАКЕДОНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА

Прашањето за македонското малцинство во Бугарија е тема што постојано тлее и се разгорува во македонско-бугарските односи. Оваа тема особено добива актуелност по секоја пресуда на Европскиот суд за човекови права во корист на претставниците на македонското малцинство во Бугарија, поради ноторниот факт дека оваа земја не им дозволува да го ползуваат човековото право на здружување и постојано изнаоѓа начини и оправдувања да го одложува спроведувањето на пресудите.

Се чини дека дел од бугарските политичари стануваат поголеми националисти, колку подолго престојуваат во Брисел. Тие таму сознаваат дека немаат што да понудат, освен својот балкански (туристички) менталитет. Забораваат дека сонот за „Голема Бугарија“ барал војни и дека политиката на асимилација оставила трауми. Бугарија е една од балканските држави која уште стравува од Европа, бидејки ЕУ од неа бара да ги признаат малцинствата.

Признавањето на правата на малцинствата го бара Советот на Европа. Затоа, се чини дека Бугарија сепак ќе биде таа што ќе мора да го менува својот устав и да го усогласи со европските стандарди за почитување на човековите права, односно признавање и почитување на правата на малцинствата во својата земја, а не негирање на македонското малцинство во Бугарија

Бранители на човековите права и на се’ што е македонско во Бугарија се, секако ОМО „Илинден“ и ОМО „Илинден“ – Пирин. ОМО „Илинден“ е основана на 14 април 1990 година во градот Сандански преку обединување на други постоечки македонски организации. Во нејзин состав тогаш биле приклучени и тоа: „Илинден-ВМРО 89 – Независна” од Благоевград, „Илинден – Независна“ од Софија, „Комитетот за заштита на правата на Македонците“ од Благоевград, „Комитетот на репресирани Македонци од Бугарија“, „Независниот демократски сојуз“ и „Културно-просветното друштво „Јане Сандански““ од село Микрево – Кресна.

На обединувачкиот состанок се избирало првото раководство и тоа: Стојан Георгиев Томовичин за претседател, Јордан Костадинов за потпретседател, и за членови на Координативниот совет биле избрани Красимир Илиев и Стојан Бербатов. Во однос на името на новата обединета организација, било решено да се отфрли предлогот за употреба на името „ВМРО“, поради неговото негативно значење во одредени моменти од македонската историја. На состанокот мнозинството го прифатило името Обединета македонска организација „Илинден“

Инаку, Обединетата македонска организација „Илинден“ ги издавала весниците „Скорнување“ и „Независима Македонија“ (Независна Македонија), кои повеќе пати биле одземани од бугарската полиција, а сега нивното печатање е запрено поради недостиг на финансиско обезбедување.

На својата петта национална конференција, одржана на 21 септемви 2010 година во градот Сандански, во присуство на 98 делегати од Пиринска Македонија, Обединета македонска организација „Илинден“ избрала нов управувачки совет од 9 лица. Во него влегле претседателот Јордан Костадинов, Иван Хаџиев, Славчо Бараков, инж. Јордан Бербатов, Александар Манчев, Дарина Иванова, Божидар Кирјанов и Георги Андонов. Избрана била и ревизиска комисија во состав Петар Мирчев, инж.Тодор Арнаудов и Кирил Иванов. Донесена е одлука да се направи обид Организацијата да биде регистрирана како невладина организација, како и да дејствува заедно со ОМО Илинден – ПИРИН за остварување на човековите права на Македонците во Бугарија

Обединетата македонска организација „Илинден“–ПИРИН е формирана во Благоевград Таа е партија за економски развој и интеграција на населението во Република Бугарија. ОМО „Илинден“ – ПИРИН е демократска партија која ги штити правата на малцинствата и се залага за децентрализација на земјата. Тоа е политичка партија која се бори за правата на македонското малцинство во Бугарија. Партијата работи главно во југозападниот регион на земјата, исто така познат како Пиринска Македонија.

Обединетата македонска организација „Илинден“–ПИРИН беше регистрирана како политичка партија во 1999 година и учествуваше во општинските избори. Меѓутоа, на 29 февруари 2000 година, Уставниот суд во Бугарија прогласи дека таа е неуставна, повредувајќи го правото на слобода на здружување и правото на слобода од дискриминација.

Со тоа се потврдува фактор дека кога Бугарија тврди дека на нејзината територија нема македонско малцинство, таа само потврдува дека во нејзините граници постојат различни малцинства. Затоа што не може да се негира нешто што не постои! Стравот од македонско малцинство во Бугарија говори за несигурноста на бугарскиот национален идентитет.

ОМО “Илиден” – ПИРИН е политичка партија на Македонците во Република Бугарија. Како организација на Македонците е формирана веднаш по падот на комунизмот во Бугарија, во ноември 1989 година, а веќе наредната 1990 година на 22 април го одржува првиот масовен собир на гробот на Јане Сандански по повод 80 години од неговата смрт во Роженскиот манастир на кој присуствуваат неколку илјади Македонци.од Пиринскиот дел и од други места на Бугарија.

Во 1999 година партијата ги собра потребниот број на потписи и ги исполни сите услови за регистрирање и учествуваше на локалните избори каде освои 5 градоначалнички места. Нејзината регистрација беше поништена од Уставниот суд на Република Бугарија на 29 февруари 2000 година под образложение дека „партија која изјаснува дека дел од територијата на Бугарија е туѓа и се залага за нејзиното отцепување од бугарската држава е против уставна и не смее да постои“. По жалбата до Судот за човекови права во Стразбур и пресудата во корист на партијата, државата Бугарија трбало на партијата да и’ исплати оштета, но нејзината регистрација не е вратена до ден денес со што не е исправено кривичното дело.

Во поново време повторно е актуелно нејзиното регистрирање кое повторно се оспорува од бугарските државни органи кои не признаваат дека постои македонско малцинство во државата и воопшто не признаваат дека постои македонски народ во Бугарија. За жал, вакви и слични додворувачки ставови има и Владата на Република Македонија, се’ со цел да го трасира патот кон Европската Унија, кој е трнлив и догорочен.

Меѓутоа, во однос на пресудите на Европскиот совет за човекови права Бугарија треба да ги спроведе, да го признае македонското малцинство и да му ги овозможи сите права на многубројното македонско малцинство.во Бугарија, бидејќи, според  општото начело секоја земја-членка на Советот на Европа е обврзана со Конвенцијата да ги спроведува пресудите на судот.

Да се надеваме сека Европската Унија што поскоро ќе си ги реши внатрешните збиднувања и недоразбирања со нејзините членки, во случајот Бугарија.

Продолжува 

1slave 3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *