Почна судењето за „Тотал“

Во Кривичниот суд денеска почна судењето за предметот на СЈО „Тотал“, во кој е осомничен новинарот Драган Павловиќ-Латас за даночно затајување.

Павловиќ претпладнево дојде во судот и присуствува на рочиштето.

Предметот „Тотал“ се однесува на даночно затајување од страна на Латас како сопственик и управител на фирмите за маркетинт и конслатинг услуги „Тотал“ ДООЕЛ Скопје, „Медиамакс“ и „Тотал Медиа Центар“ ДООЕЛ Скопје.

Осомничениот Драган Павловиќ-Латас се товари дека во периодот од 2008 до 2015 заедно со правни лица со намера да одбегнат плаќање даноци во завршните сметки и даночните пријави давале лажни податоци. Правните лица го оштетиле буџетот за 121 илјада евра, а осомничениот за 63 илјади евра

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *