Министерот Манчевски во работна посета на Стразбур

Инклузивни и отворени процеси се наш статегиски приоритет, каде се слуша гласот на сите релевантни и засегнати страни. Тоа е случај и со креирањето на Стратегијата за реформа во јавната администрација, која е во правец на активностите кои државата ги презема на патот кон европската интеграција. Во овој процес се вклучени сите релевантни чинители, и не само затоа што Европската унија го бара тоа, туку затоа што е најдобриот пристап за нашите граѓани.

Ова денеска го истакнал министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, кој е во работна посета на Стразбур.

Како што сооопшти Министерството за информатичко општество и администрација, Манчевски со своето обраќање ја отворил првата сесија за реформи во администрацијата, локалната власт и ИКТ секторот, во организација на Европскиот комитет за демократско владеење, во рамки на Советот на Европа во Стразбур.

Министерот Манчевски ги презентирал и заложбите на МИОА за деполитизирана, ефикасна, ефективна и отчетна јавна администрација, која обезбедува квалитетни, лесно достапни и поевтини услуги за граѓаните и на бизнисите. Јавна администрација базирана на европските принципи и вредности, која придонесува за одржлив економски развој, владеење на правото, социјална кохезија и просперитет.

– Во изминатите неколку месеци, МИОА интензивно работи и на ИКТ реформи со цел развој на интероперабилноста и Е-услуги. Работиме на развивање на неколку стратегии во оваа сфера, како што се: Стратегија за широкопојасен интернет, стратегија за сајбер безбедност и стратегија за отворени податоци“, информирал Манчевски, потенцирајќи ја важноста од дигитализацијата на процесите и услугите во јавната администрација, како една од главните алатки за борба со корупцијата во администрацијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *