ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ“ (МАКЕДОНСКИ) ОД
УЛРИХ ВИЛКЕН ВО ПРЕВОД НА СЛАВЕ КАТИН
Спарта беше понижена и не можеше да се меша во наредните години, кога Епаминонда со повторни походи во Пелопонез ја направи целосно немоќна, со ограбувањето на Месенија, врз чии плодови и снабдување со работна сила се потпираше неговата економ-ска и политичка моќ, и со организирањето на федерална аркадијанска држава со новосоздадениот главен град Мегалополис.
Меѓутоа, целите на Епаминонда беа поголеми; тој работеше за хегемонија на цела Античка Грција. Доколку, како што беше погрешно претпоставено, неговата намера беше панелинистичка национална политика, како што во тоа време беше политичката ситуација, тој ќе побараше соединување на Елада под раководство на Тебанците за војна против Персија и за уништување на врховната власт на Големиот персиски крал. Наместо тоа, тој се чувствуваше како жртва на проклетството на своите години.
Co цел да воспостави доминација над другите антички Елини-Грци, тој преговараше со персискиот крал, кому јакнењето на атичката морска сила, колку што беше непријатно за око, толку му беше пречка на неговиот пат, па Епаминонда го задолжи својот амбасадор Пелопид да внимава во Суса и понизно да моли за соработка со Големиот крал.
Но, во 362 година, кога Епаминонда загуби кај Мантинеј во битка која Големиот крал повторно генијално ја водеше, политиката на Тебанците како голема сила пропадна, бидејќи тоа не одговараше на вистинската моќ на државата која се потпираше и се одржуваше само врз личноста на Епаминонда.
Оваа епизода на тебанската хегемонија не беше од големо значење за античките Елини-Грци, туку само предизвика болна празнина во воената моќ на нацијата со уништувањето на Спарта. Во оваа ситуација и втората атичка морнаричка лига не можеше да егзистира. И покрај ветувањата од 377 година, Атина почна повторно да ја води политиката на првата лига во нејзината работа со членовите, па во 357 година Киос, Родос и Кос, побудени од интригите на Маусол од Карија, кренаа востание и се отцепија.
Ништо не може да фрли поѓолема грозна светлина врз слабите услови на Античка Грција од фактот дека по неуспешната борба во 355 година Атина беше принудена, со закана за објавување на војна од персискиот крал, да им дозволи на отпадниците да си одат: тоа беше новиот и силен крал Артаксеркс III Окус. Така, Атина се откажа од положбата на врховна голема сила, а како резултат на тоа се создаде општ хаос во Античка Грција.
Наспроти античките Елини-Грци застана персиската монархија. Бездруго, понекогаш изгледаше дека ќе дојде до раскин преку револтот на намесниците и провинциите, но со помош на античките грчки наемници таа постојано го одржуваше своето постоење; единството на империјата беше прво и единствено, бидејќи во АнтичкаГрција имаше постојана поделба која изгледа не водеше кон обединување на силите.
Во овој конфликт на античките грчки држави со меѓусебен немир, не беа полесни ни внатрешните состојби на различните полиси. Дали моќта ја задржаа демократите или олигархистите, опозиционерите од непријателските партии ja изразуваа огорченоста, а доминацијата на победата стана дури подеструктивна од поразот.
Радикалната склоност на демократите, како во Атина, што започна во петтиот век стана уште поекстремна. Пролетаријатот под раководство на своите демагози се развиваше се‘ повеќе во доминантна класа, а популарните трибунали, кои, поради покачувањето на паричниот надомест на членовите, беа составени од победени граѓани, поделени во класа на правдата, беа насочени не само против големите политичките противници, туку посебно и против сопствениците на имоти, со намера да се конфискуваат.
Тоа беше основа за борба на бедните против богатите, и во тој процес се спротнаа многу радикални барања, како што беа поделба на земјата, укинување на долговите итн. Војната на класите во олигархиските држави се водеше со ист занес. Така, оние што беа прогонети и што банкротираа постојано го зголемуваа пролетаријатот без закани и сила, како што Исократ го опишува тоа во 380, a co голема нагласка во 346 година.
Тоа стана опасност за цела Елада. Притоа немаше големи индустриски капацитети во кои ќе се обезбеди работа за масите. Многумина станаа разбојници по патиштата, а пиратите го направија морето несигурно, но најголем број од нив беа гонети од желбата да се запишат како наемници во служба на некој управувач кој нудеше највисоки примања.
Овој наемнички систем беше големо зло што влијаеше врз целата нација. Златото на персискиот крал беше главната атракција. По шокот на походот на „десетте илјади”, тој настојуваше се повеќе да се потпре врз армијата античките грчки наемници. Меѓутоа, неговите напори делумно беа неостварени, бидејќи непослушните наемници и земјите, како што беше Египет, се запишаа како антички грчки наемници за да се борат против него.
Античка Грција не даваше само војници, туку и офицери. Мнозина од најглавните генерали во тоа време, доколку беа невработени или имаа чувство на одвратност спрема политичките домашни услови, се приклучуваа кон странските служби и често му го вртеа грбот и се бореа против Големиот крал. Ова растурање на националната моќ одеше во корист на странците!
Комотноста што наемниците можеа да ја најдат имаше друга злонамерна последица; во Античка Грција многумина од заедниците започнаа да се запишуваат наемници, со цел повеќе или помалку да ја избегнат обврската за служење војска за својата земја. Дури кога атинскиот Ификрат организира едно ново тело на лесно вооружани припадници, изгледаше дека граѓаните мислеа оти е подобро да се отиде во тешка вежба што е потребна за оваа нова формација отколку да се регрутираат во наемници.
Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН