ПОХОДОТ НА АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) КОН ИНДИЈА (16)

До 328 година пред Христа, Александар го освоил целото Персиско Царство, барем царството што му припаѓало на Дариј III. Античките автори не даваат објаснување зошто Александар сакал да оди подалеку од Персиското Царство и зошто штом звршил со освојувањето на источен Иран, Александар ги почнал подготовките за инвазија на Индија?

Мислиме дека Александар дејствувал не од желба да освојува, туку заради својата нескротлива љубопитност да види што има подалеку од Источното Царство, подалеку, односно надвор од светот што дотогаш бил познат. Без сомнение, додека се справувал со планинските Индијци на источен Иран, слушал стории за Индија кои не се вклопувале во неговото претходно знаење за тој дел од светот.

Пред да замине од Бактра, Александар се збогувал со традицијата и го наименувал Аминта, Македонец, наместо странски сатрап (гувернер), да ја обезбедува важната провинција Бактрија. Аминта останал со добро вооружена војска од 10.000 пешадинци и 3500 коњаници, повеќе војници отколку што имал Александар кога започнал седум години пред тоа.

Во пролетта во 327 година пред Христа, додека неговата војска стоела на планинскиот венец на Хинду Куш, набљудувајќи ја источната граница на светот, Александар педантно го планирал следниот чекор од неговиот поход. За Индијците, Александровиот приод преку планината Хинду Куш ги потсетувало на инвазијата на Аријците многу одамна.

Номадските Аријци ја зазеле Индија околу 1.500 година пред Христа, ја уништиле индуската цивилизација во долината на реката Инд и го истребиле населението покрај реката Инд, ставајќи на тој начин крај на најбрилијантната цивилизација на античкиот свет.

На своето патување кон Индија, Александар со себе ја повел својата млада кралица Роксана, која по една година му родила син. За жал, набрзо по раѓањето, бебето умрело.

Во почетокот на летото во 327 година пред Христа, Александар ја поделил својата војска на два дела. Главната колона, под команда на Хефестион и Пердика, тргнала надолу по течението на реката Кабул и преку преминот Кубер (Khyber Pass) за да изгради мостови и да се подготви за инвазија. Во меѓувреме, Александар, со своите лесно вооружени единици, тргнал по друг пат, по должината на долината Кунар во источен Авганистан и оттаму преминал во северозападниот дел на Пакистан.

1al19034

Во текот на патувањето Александар наишол на силен отпор, што предизвикал жестоки борби. Бестрашните индиски племиња на планинскиот терен имал бројни воини и претставувале потешкотија за напредувањето на Александар, Борбите биле толку жестоки, што уште во првиот судир, и Александар и Птоломеј биле ранети.

Откако ја преминал реката Сват /Swat/, Александар се судрил дури и со поопасни племиња, па борбите станале и поинтензивни. Индијците се бореле храбро, но на крај попуштиле. Откако ја изгубиле Масага /Massaga/, нивното главно упориште, Индијците отишле во Аорнос (Пир-Сар), другото нивно упориште. Искачувањето на ова 1.500 метри високо упориште, сместено на свиокот на реката Инд, било невозможно.

Чувствувајќи ги ограничените способности на својата војска, Александар, тогаш за тогаш, решил да не го гони непријателот понатаму. Ја свртел војската и тргнал со марш на југ, по течението на реката Инд.

Подоцна, користејќи различни стратегии, Александар се обидувал неколк у пати да го опседне упориштето Аорнос, но безупешно. Александар не можел да влезе во Пенџаб (Punjab) без да го уништи Аорнос. Морал да го скрши отпорот на ова упориште. Кога не успеал со конвенционални средства, морал да измисли нови методи за напад. Од сите нови методи што ги испробал, како најдобро се покажало потопувањето на клисурите што го опкружувале упориштето.

Штом водата надошла доволно високо во клисурата, за да може војската да го премости растојанието до карпата, Александровите машини за опсада се приближиле за да го уништат истото. Наскоро отпорот престанал, а војската можела да јурне и да ги покори своите непријатели.

Александар бил прв што се искачил на врвот, завршувајќи го со тоа освојувањето на Аорнос. Тоа било една од најбрилијантните постигнувања во неговата кариера во однос на стратегијата и тактиката. Откако Аорнос веќе не му пречел на патот, Александар сега слободно можел да го продолжи своето патување до Пенџаб. Соборувањето на Аорнос ја родило легендата за македонскиот супермен. Индијците упориштето го сметале за неосвоиво и верувале дека и богот Херкул еднаш се обидел да го освои, но не успеал.

Во март 326 година пред Христа, Александар свртел на југ и продолжил со патувањето за да ги стигне Хефестион и Пердика. Кога ги стигнал, на војската и дал еден месец заслужен одмор. Откако ја поминал реката Инд, преку понтонски мост што претходно го изградиле инженерите на Хефестион, Александар навлегол во земјата на неговиот сојузник Амби (Ambhi). Александар, кој никому не верувал, со марширање влегол во Таксила (Taxila) подготвен за борба, но ништо не се случило. Амби го пречекал Александар со многу подароци и го примил како гостин во главниот град Таксила.

Во Таксила, Македонците за првпат наишле на многубројни чуда, непознати манири и обичаи. На радост на научниците, пронашле флора што пред тоа никогаш ја немале видено. Исто така, токму таму Александар се запознал со тие “голи филозофи” (будистички калуѓери, монаси) и дошол во допир со доктрината на Буда. Во текот на наредните три дена Македонците биле третирани кралски, со многубројни подароци.

За да не остане покусо, Александар повторно го поставил Амби за раџа на Таксила и го опсипал со свои подароци, кои се состоеле од триесет коњи и не помалку од 1.000 талaнти. Оваа дарежливост била мотивирана од желбата на Александар да го има Амби на своја страна, бидејќи добивал разузнувачки извештаи за голема концентрација на непријателски војници пред него. Иако го направил раџа, Амби сепак се уште бил вазален крал. Еден македонски воен гувернер, со силен гарнизон на располагање, всушност, владеел со Таксила.

Александар инвестирал многу време и вложил големи напори во преговорите за условите за мир со други двајца индиски раџи во тој регион, но изгледало дека мирот не бил можен пред претходна војна. Пор (Porus), еден од раџите кои преговарал со Александар, многу јасно го изложил својот услов. Ако Александар го сака неговото кралство, ќе мора истото да го стекне во битка.

1al19035

Војската на Пор веќе била натрупана на бреговите на другата страна на реката Џелум (Jhelum), но, сепак, почнало да пристигнува уште поголемо засилување. Александар не можел да си дозволи да губи многу време, па затоа им наредил на своите инженери да изградат мост.

Бидејќи немало градежен материјал на располагање во близина, Александар го испратил Коен да го расклопи понтонскиот мост од реката Инд, да го исече на помали делови и да го донесе со воловски запрежни коли. Додека Коен го барал мостот, Александар ја засилил својата војска така што на пешадијата и додал слонови и индиски регрути.

Кога бил подготвен да се судри со Пор, Александар не ги земал предвид монсуните. Можеби не познавајќи ја индиската клима во јуни, Александар ја повел својата војска во текот на постојан пороен дожд што испарувал.

Небото се отворило и врз многуилјадните Македонци непрекинато врнело во текот на два месеца. Александар патувал преку планинскиот венец Солт Ренџ (Salt Range), поминувајќи 180 км за помалку од два дена, пред да стигне на реката Џелум. Голем потфат во монсунски услови!

Продолжува 

Пишуваат:

1slave5 РИСТО СТЕФОВ И

1slave 1 СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *