БРАЧНИОТ ПАР ПЕТАР И ЈАЖА СТАМАТОВ, ПО 48 ГОДИНИ ЗА ПРВ ПАТ ВО МАКЕДОНИЈА (13)

ИСЕЛЕНИЧКАТА ФОНДАЦИЈА „ПЕТАР СТАМАТОВ“ НА УКИМ 

Петар Стаматов е човекот кој поголемиот дел од животот го поминал во Чикаго, САД, и кој направил големо дело со формирањето на неговата Фондација, со цел да им помогне на младите македонски генерации – студенти. Меѓутоа, целосна претстава за него може да се добие ако за проекцијата се прекрши родното огниште – легендарното Смилево, потоа Битола, каде го поминал своето детство, и неговите две татковини – Македонија и САД.

Треба да се нагласи дека биографските податоци за донаторот на фондацијата “Петар Стаматов” при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, доблесниот иселеник од Македонија, Петар Стаматов, ги дознавме од документот што тој самиот го напишал на македонски јазик во септември 1988 година и го испратил до неговиот внук Проф. Методија Трајковски.

Во документот, меѓу другото, се вели дека Петар Стаматов бил роден во 1897 година во револуционерното и живописно село Смилево – Битолско (денес административно припаѓа на општина Демир Хисар). Уште како дете на предшколска возраст, Петар се соочил со тежок и суров живот. Но, најстрашно било во бурните времиња на Македонија кога Османлиите го запалиле Смилево.

Тогаш, неговата мајка ги грабнала двете дечиња; неговата сестричка Христина ја дигнала на раце на левата страна, а него го водела со десната рака. Потоа во голема паника со другите смилевчани кои панинчно бегале успеале да влезат во шумата, оставајќи го селото во пламен.

1are1212

При крајот на 1920 година Петар Стаматов донел одлука  да замине за Соединетите Американски Држави со цел да бара подобар живот. Среќата му се насмевнала кога ги поднесол документите заедно со пасошот да барам виза. Со визата за САД му се отвориле видиците и можноста да ја стаса групата која што пред извесен период замина за Америка. Среќата му се насмевнала и навистина групата ја стасал во Загреб, од каде заедно го продолжил патувањето кон САД.

По неколкудневно патување Петар Стаматов заедно со неколку други емигранти пристигнал во Гери, Индијана. Таму имало поголема македонска колонија, каде тој се приклучил и се чувствувал како да е во Македонија.Петар Стаматов во Чикаго ја запознал Јажа, девојка од полско потекло, со неја се оженил и со неја останал до нејзината смрт. Петар во својот брак немал деца. Тој починал на 27 јануари 1995 година во Чикаго каде е и сахранет.

Петар Стаматов по природа бил благороден човек, хуман и културен. Животот тежок што го поминал, го направил таков да секогаш бил спремен некому да помогне. Материјално помагал многу луѓе, а неговата финансиска помош за изградба на болница во Скопје после катастрофалниот земјотрес не била мала.        

Во кусата биографија донаторот Петар Стаматов го напишал и следното: 

 “Времето си одминуваше и дојде моментот кога се оженив со Јажа, паза мене почна нов живот. Во текот на Втората светска војна и ние ги доживувавме сите премрежија во поделена Македонија. Ги следевме сите збиднувања во Европа и ја делевме и тагата и радоста.Се радувавме што по војната мојот македонски народ си формира своја република во составот на тогашна Југославија. Тоа ме бодреше секојдневно и н# тераше да размислуваме да ја посетиме Полска, Македонија и некои други европски земји. Тоа и го направивме.

Се одлучивме со Јажа, по 48 години да ја посетиме Македонија. Во зимата 1962 година, кога се подготвувавме за пат, ја читав историјата на светот од Климент Вуд (Цлемент Њоод), а тоа ни даде повод да посетиме неколку големи западни европски држави на враќање од Македонија. Направивме резервација да патуваме до Европа со англискиот голем брод Квин Елизабет II, а во Европа со ориенталниот воз Париз–Атина до Скопје. Пристигнавме во месец мај рано сабајлината во Скопје, во Македонија. Радоста беше голема.

1are1213

Стаматови со роднини во Македонија

После 48 години повторно да ја видам слободна Македонија. Забележав огромни успеси направени во неа за толку кус период, во споредба со тоа што не беше направено за 550 години под турско ропство. 

Кога тргнавме од Скопје за Битола, со возот, не можев да не се радувам кога почувствував каква разлика е постигната во споредба со спомените кога заминував како дете од Битола за Скопје, кога патував еден ден со пајтон до Прилеп, еден ден до Велес, а потоа со воз до Скопје.

Кога пристигнавме во Битола, средбата беше пропратена со солзи радосници; се прегрнувавме и бакнувавме со нашите бројни роднини. 

Потоа Македонија ја посетивме уште шест пати, и тоа: 1964 година, 1966, 1968, 1970, 1973 и 1976 година. Тоа се најголемите спомени во нашиот живот”.

Петар Стаматов во Чикаго ја запознал Јажа, девојка од полско потекло. Со неја се оженил и останал заедно се’ до нејзината смрт. Петар во својот брак немал деца.

Петар Стаматов по природа бил благороден човек, хуман и културен. Тешкиот живот што го поминал, направил секогаш да биде подготвен некому да помогне. Материјално помагал многу луѓе, а неговата финансиска помош за изградба на болница во Скопје по катастрофалниот земјотрес, не била мала.

Петар Стаматов посветувал големо внимание на своето образование. Завршил многу курсеви и вечерни школи. Неговата силна желба да чита литература не престанала во текот на целиот негов живот. Списанијата од Македонија за него беја духовна храна. Неговиот природен нагон да помага дошол до израз кога прочитал за формирањето на Фондацијата на Атанас Близнаков.

Тогаш Петар Стаматов испратил писмо до неговиот внук проф. инж. арх. Методија Трајковски за мислење и го замолил да дознае за постапката за формирање на Фондација. Методија, исполнувајќи го неговото барање, покрај другото, му напишал дека се радува зашто има таков благороден и хуман вујко. Во одговорот на ова писмо, Петар му напишал на Методија:

“Мене Господ не ми даде деца да трошам пари да ги школувам, затоа јас ќе дадам пари на Универзитетот  “Св.Кирил и Методиј” во Скопје. Сите Македончиња се мои деца па сакам да им помогнам тие да учат”. Методија ова го кажува насекаде каде што може, па ево и во оваа прилика тој има желба да се овековечи името на неговиот вујко Петара Стаматов..

Петар Стаматов починал на 27 јануари 1995 година во Чикаго каде е и погребан.

Продолжува

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *