РАМАДАН НА МЕСТОТО НА НУХИУ

Зекирија Рамадан е нов тренер на Шкупи, откако управата на клубот, незадоволна од игрите на екипата, му врачи отказ на досегашниот тренер, Ардијан Нухиу.

Рамадан им е добро познат на чаирчани, бидејќи најголем дел од фудбалската кариера ја мина токму на овој терен, а потоа продолжи и како тренер од 2014-2016 година.

Договорот на Рамадан е во времетраење од 18 месеци, а своето деби ќе го има в недела против Скопје на стадионот во Тетово.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *