ПРВАТА ФОНДАЦИЈАТА НА УКИМ „АТАНАС БЛИЗНАКОВ“

Атанас Близнаков е еден од најистакнатите донатори од македонската дијаспора. Неговото име и дело се добро познати меѓу Македонците во Република Македонија и во македонското иселеништво. Тој припаѓаше на прогресивната генерација на Македонците на северноамериканскиот континент, кој помина долго време, далеку од неговата татковина. Тој го посвети животот за борба за слободата и напредокот на Македонија и македонскиот народ.

Атанас и Славка Близнакови копнееле да ја посетат слободната македонска држата и таа своја желба првпат ја реализирале во јуни 1958 година. Неопислива била радоста на овој наш иселеник, како и на неговата сопруга Славка од сето она што го гледале на секој чекор. Се ределе посети во Матицата на иселениците од Македонија, на Универзитетот, болницата, насекаде.

По враќањето во Америка кај Атанас Близнаков се родила мислата и желбата, дефинитивно, да се врати во Македонија. За сето време бил опседнат со идејата да направи нешто со што ќе може на некој начин да и помогне на својата татковина, на својот народ што толку многу го сакал. Така се родила мислата за основање на Фондацијата „Атанас Близнакоф“ за стипендирање студенти од Универзитетот во Скопје.

Желбата на Атанас и Славка Близнакови да дојдат постојано да живеат во слободниот дел на Македонија конечно им се исполнила во 1976 година. По поголем број преписки и договори со Матицата на иселениците од Македонија, со Ректоратот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ и со други институции и поединци, тие пристигнале во Скопје, каде што срдечно и топло биле пречекани. Всушност, станот во Карпош му бил доделен на Атанас Близнаков на 15 јули -1977 година од Комисијата за распре-делба на станови со кои располагал Извршниот совет на Собранието на СРМ.

Во аналите на Фондацијата „Атанас Близнакоф“ со златни букви ќе биде запишан 18 април 1977 година. На тој ден се одржала 148. пленарна седница на Советот на Универ-зитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје и тоа е свет момент, на прославата за македонските академски институции, како и значаен настан во животот на Атанас и Славка Близнакови. Всушност, на 18 април 1977 година бил поставен камен-темелникот на оваа добротворна организација.

На седницата била донесена одлука за основање на Фон-дацијата „Атанас Близнакоф“, која треба да обезбеди стипендии за студенти на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје, кои постигнале извонредни резултати во нивните студии, но кои немале доволно средства да плаќаат за нивното понатамошно образование.

Денес Фондацијата „Атанас Близнакоф“, е прва од ваков вид во Македонија и создава голем интерес кај студентите, јав-носта во Републиката и македонските иселеници во странство. Таа, пред сè, е гордост и радост на своите донатори Атанас и Славка Близнакови; подарок за млади и за Македонија, но и поттик за другите добродетели, без разлика каде живеат, да им помогнат во забрзување на економскиот и културен развој во својата земја.

За животот и делото на Атанас и Славка Близнакови се напишани две монографски дела. Монографијата „Атанас Близ-наков“ (2000), на македонски јазик во издание на Ректоратот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ и Министерството за иселеништво на Република Македонија од Славе Николовски-Катин  и монографијата „Атанас Близнакоф“ (2017), на македонски и на англиски јазик, во издание на Ректоратот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, исто така, од Славе Катин.

Во двете монографии за Атанас Близнаков се прави обид да се фрли светлина врз неговиот животен пат, со посебна нагласка на неговата донаторска дејност. Трудовите се компонирани во повеќе делови, во кои секој има по повеќе глави, претставувајќи хронолошка и тематска заокружена целина, иако во основа тие меѓусебно се надоврзуваат и се дополнуваат.

Атанас Близнаков бил голем хуманист, на кого Македонија му е вечно благодарна, особено Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, каде неговото име го зазема почесното прво место на Спомен плочата на донатори, изработена во знак на почит и благодарност кон сите кои дале значаен придонес во создава-њето и развојот на творечкиот подем на Универзитетот.

За своето големо дело Атанас Близнаков е одликуван со Орден заслуги за народ со сребрена ѕвезда, од тогашното Претседателство на СФРЈ, го добил највисокото републичко признание наградата „11 Октомври“, потоа е одликуван со Плакета на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, со Плакета на Одборот на децата бегалци од Егејска Македонија, како и многу други плакети и благодарници. Toj e прв добитник на медалот „Свети Климент Охридски“, што  по повод 2000 години од христијанството тогашното  Министерство за иселеништво, го доделува на истакнати поединци, асоцијации, клубови и добротвори (дарители) и луѓе кои на најразличен начин помагале за афирмација и напредок на Република Македонија и македонството, воопшто.

Може да се заклучи дека Атанас Близнаков со форми-рањето на Фондацијата „Атанас Близнакоф“ отворил една нова страница во историјата на донаторството за Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, за македонските студенти, македонскиот народ, македонското иселеништво и Македонија.

Продолжува

1Dusan Ristevski ДУШАН РИСТЕВСКИ – МАКЕДОН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *