ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ“ (МАКЕДОНСКИ) ОД УЛРИХ ВИЛКЕН ВО ПРЕВОД НА СЛАВЕ КАТИН

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ“ (МАКЕДОНСКИ) ОД
УЛРИХ ВИЛКЕН ВО ПРЕВОД НА СЛАВЕ КАТИН

Улогите на Филип и на Александар Македонски како обединувачи и новатори поединечно влијаеја врз личноста на Драјзен во Германија во средината на XIX век. Згора на тоа, Драјзен е тој кој го објаснува поимот на елинизмот, т.е. спојувањето на грчката со ориенталските култури што го направи Александар и што влијаеше врз курсот на медитеранската цивилизација во наредниот период од античкото време.

Концепциите на Драјзен се изнесени толку убедливо што беа прифатени од сите подоцнежни стручњаци за оваа тема. За многу следбеници на Драјзен, Александар Македонски остана двигател на светот, иако се разликуваат мислењата за неговите лични мотиви и за точниот опсег на неговите достигања.

Сериозните биографски истражувања за Александар Македонски не беа карактеристични за класичните проучувања при крајот на XIX век и во почетокот на XX век. Во овој период повеќе внимание и‘ се обрнуваше на зголемената софистичка техника на историското учење, a особено на развојот на бројните помошни дисциплини како што се папирологијата, палеографијата, нумизматиката и епиграфијата.

Уште повеќе, тоа беше период на класифицирање и каталогизирање на разните видови податоци. Десетина илјадници ракописи беа собрани, уредени и публикувани, текстовите од најпознатите грчки и латински писатели беа ревидирани според последните филолошки и палеографски техники. Потоа, беа составени значајни лексикони за древните јазици, а беа собрани монументални енциклопедии и извршени библиографски прегледи.

Британските и германските универзитети, каде што постоеше силен дух за класичното учење, успеаја да го средат големиот број вредни податоци и да им обезбедат на истражувачите подетално запознавање со антиката зазеле став, дека техничката методологија употребена во изучувањето на историјата докажа дека сите подоцнежни биографи на Александар Македонски четиристрано се потпираат врз Драјзен.
Што се однесува до Александар на Вилкен, Валсер оди малку подалеку отколку новото издание на Драјзен. Валсеровата статија обезбедува добро подредени податоци за историските студии за важните аспекти на кариерата на Александар Македонски.

Уште повеќе, следејќи го современиот „татко на античката елинска-грчка историја”, Џорџ Грот, се појавија голем број разбирливи истории за античка Елада-Грција. Бидејќи Александар Македонски е важен дел од античката елинска-грчка историја, тој му дава истакнато место. Имињата на историчарите Белох, Бусолт, Мајер и Берве се исто така значајни.

Bo 1926 година, Хелмут Берве ја објави книгата „Александриски просопографски основи” на германски јазик. Германската традиција за педантно класифицирање е присутна и во ова време и во ова вредно дело во кое сите податоци за имињата од античките извори за Александар се собрани и средени во енциклопедиска форма.

Така, за да се добие информација за Хефестион, другарот на Александар Македонски, на пример, потребно е само да се побара името Хефестион во Берве и ќе се најде се‘, вклучувајќи ги и цитатите од сите извори на информации, како и критички коментар за карактерот на податокот.

Потоа во 1927 година се појави првиот том од серијата „Фрагменти од грчката историја” (изд. Ф. Јакоби), која содржи нови средени текстови и коментари на стотици фрагменти од непознати историчари од времето на Александар Македонски. Како резултат на оваа голема активност, сега постои на располагање добро среден документарен материјал кој служи за нови проучувања на Александар Македонски.
Биографијата на Александар имаше нов тек во дваесеттиот век со појавата на шесте тома на книгата „Античка историја” печатена во Кембриџ, во која В. Тарн дава голем број податоци за младиот македонски монарх.

Тарн, кој остана најголем елинистички историчар на овој век, напиша неколку кратки студии за Александар Македонски, во кои ги развива идеите определени да го направат неговиот Александар човек за кој најмногу се зборува, најславен човек во современиот век.
Тарн ја зема основната концепција на Драјзен за Александар како двигател на светот и на тоа му додава димензија на една нова социјална филозофија. Аристотел смета дека само античките Елини-Грци можат да владеат, а странците да бидат потчинети.

Но, кога Александар Македонски се закани да ги обедини срцата и да направи сојуз меѓу античките Македонци и Персијците, тој првпат го прокламираше братството на народите, братството меѓу луѓето…
Александар Македонски ја прифати визијата на Зено за свет во кој сите луѓе треба да бидат членови здружени еден со друг, граѓани на една држава без разлика на раса и државно уредување да се покорат и во слога со основниот закон што постои во светот, да бидат обединети во еден социјален живот, не со принуда, туку по сопствена волја или (како што тој прокламираше) со љубов.

Александар Македонски на Ф. Шахермаер е брилијантен, иако немилосрден, човек со амбиција кој ја определил и границата на античка Македонија, која беше малечка, па затоа решил да го прошири својот свет и своето кралство.

Поседувајќи силно его и неограничена моќ да дејствува решително, овој Александар успешно ги отфрлил ограничувањата на македонското феудално благородништво и во Азија се покажал како немилосрден.

Продолжува


Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *