ГОЛЕМАТА БИТКА И ОСВОЈУВАЊЕТО НА ГРАДОТ ТИР

Победата кај Ис означила нова ера за Македонија. Размислувањето на Александар веќе не било “ако”, туку “кога” тој ќе стане нов господар на Азија. Бил во искушение веднаш да тргне по Дариј за да направи да се случи тоа, но било премногу ризично, особено заради персиската флота која се уште нечепната била зад него и која ги контролирала водите на Егејот.

Александар, речиси и не поседувал бродови или воена морнарица, а не, пак, моќна за да ја совлада персиската флота. Неговото размислување било, ако тој не може да го вовлече во борба својот непријател и да победи во вода, тогаш ќе мора да ја донесе битка на приморјето каде тој имал предност.

Единствен начин да го стори тоа било да ја отсече персиската воена морнарица од нејзините пристаништа. Неговиот план, според тоа, бил евентуално да ги заземе сите градови околу источниот медитерански брег и да ја лиши персиската флота од снабдување со намирници, а со тоа да изумре од глад.

Кратко време по битката кај Ис, Александар ги покренал своите Македонци кон југ, во обид да го обезбеди брегот со тоа што ќе заземе многу пристанишни градови. Во меѓувреме, Парменион бил испратен во Дамаск да го освои градот и да го врати богатството на Дариј, кое било испратено таму заедно во персиската придружба за багаж пред битката кај Ис. Парменион лесно го освоил градот (некои велат со предавство) и дошол до богатството. Тој, исто така, заробил многу предавници од градовите-држави вклучувајќи ги амбасадорите на градовите-држави за Персија, кои претходно ковале завери против Македонија.

Со богатството на Дариј во негова своина, Александар ги осигурал финансиите што му биле потребни да ги плати своите долгови и да продолжи со походот. Во споредба со Александар, Дариј бил многу богат човек, доволно богат да носи 2.600 таланти ковани пари, 500 фунти во сребро, 4.500 фунти во злато и 3.400 фунти во скапоцени камења. Сепак, тоа не биле сите пари што ги имал Дариј. Во споредба со неговото вкупно богатство, тоа било само џепарлак што го носел со себе додека патувал.

1 fel1901 Градот Тир

Александар патувал низ Сирија, заземајќи пристаниште по пристаниште, се додека не стигнал во феникискиот пристаништен град Тир /Tyre/. Тој бил независен град, најмоќно воено и трговско пристаниште во регионот. Повеќето морнари во персиската флота биле или од Кипар или од Тир. Бидејќи бил независен град, граѓаните на Тир сакале да останат неутрални (ниту под персиско, ниту под македонско владеење).

Но, тоа не било она што го сакал Александар. Нему му требала контрола врз сите пристаништа, особено Тир, ако сакал да ја отсече персиската флота. Бидејќи не сакале да преговараат за мирно предавање, Александар објавил војна на Тир и започнал со опсада некаде во јануари 332 година пред Христа.

Тир се наоѓал на еден остров, околу еден километар од брегот. Градот бил утврден од сите страни со големи ѕидови од камен и бил бранет од моќната тиринска флота. Во тоа време и Александар и Тиријците биле уверени дека ќе можат да победат, така што ниту тој ниту тие не биле подготвени да попуштат. Тиријците, длабоко верувајќи дека нивниот град е неосвоив, мислеле дека идејата на Александар за опсада е апсурдна.

Како може тој да освои остров кога дури немал ниту флота? Александар, од друга страна, не можел да си дозволи моќниот феникиски град да постои слободен зад неговите борбени редови, особено бидејќи планирал нови потфати подлабко во Азија. Немал избор освен да го освои со сила. Кога започнала опсадата, никој немал претстава колку грозна ќе биде таа задача.

Додека оружените сили на Александар чекале скриени на копно, градот што тој сакал да го освои со опсада лежел во вода. Единствен начин на кој тој можел да направи пресврт на ситуацијата во своја корист, било да изгради мост што ќе го поврзе островот со брегот. Тогаш неговата армија ќе може да навали со машините за опсада, за да ги сруши ѕидовите и да го заземе градот. Додека војската регрутирала работна сила од блиските и соседните градови за изградба на мостот, занаетчиите и инженерите на Александар почнале со изградба на колосалните кули за опсада.

Градењето на мостот било многу потешко отколку што се очекувало. Иако водата била плитка, дното било калливо и колците требало да се заковаат многу длабоко, подградени со камен, пред да се изгради пат широк шеесет метри. Како што градењето на издигнатиот пат напредувало, така секој камен од близината се носел и се поставувал во водата.

Тиријците им се потсмевале и си подигрувале со работниците, велејќи им дека Александар е луд и залудно си го троши времето. Но, како што патот почнувал да станува стварност и да се приближува кон островот, Тиријците почнало да ги фаќа паника. Во почетокот, тиријските командоси ги напаѓале Александровите редови за дотур на копното, надевајќи се дека ќе ја намалат брзината на градење.

Подоцна, тиријската флота почнала да напаѓа од море, испраќајќи бродови со стрелци, мали прачки и катапулти за да ги напаѓаат работниците. Во меѓувреме, Александар ги презел сите можни мерки за да ги заштити своите луѓе, како и за да го задржи распоредот на работите.

Кога станало очигледно дека Александар нема да се откаже и дека неговите шанси за опсада на Тир се подобруваат, многу од локалните градови, вклучувајќи го и Сидон, поранешен непријател на Тир, ја понудиле својата помош, вклучувајќи и бродови. Александар брзо собрал силна поморска сила за да ја затвори тиријска флота во нејзиното пристаниште и да ги одбие тиријските напади врз издигнатиот пат.

Се случил еден голем инцидент, кој можел да донесе пресврт на штета на Александар, но неговата доверба во способностите на неговата армија и неговата непоколеблива упорност се исплателе. Тиријците составиле еден голем пловен објект, го запалиле и со помош на ветерот успеале да изгорат голем дел од издигнатиот пат. Тогаш Александар бил отсутен, бидејќи отишол во експедиција да бара уште дрвена граѓа. Кога се вратил, бил шокиран кога видел дека неговиот пат е уништен.

1 fel1902

Градот Тир

Но, наместо да се откаже, Александар изградил нов издигнат пат северно од стариот. Како што вештачкото пристаниште се приближувало до бреговите на островот, така Тиријците почнувале да очајуваат. Се обиделе да сторат се за да го запрат напредувањето, вклучувајќи и истурање врел песок врз војниците. Но, и наспроти нивните храбри обиди, ништо не успеало и, на крај, Македоците го опседнале градот.

Тир се предал во август 332 година пред Христа. Тоа бил седуммесечен напор на двете страни, но на крајот најупорните победиле. На Тиријците, во неколку наврати, им била дадена можност да се предадат. За жал, мудроста попуштила пред тврдоглавоста и тие храбро се бореле до крај.

Кога се било завршено, околу шест до осум илјади војници биле убиени, а околу триесет илјади биле заробени и продадени како робови. Тиријските водачи, заедно со околу две илјади свои борци, биле погубени. Самиот град бил поштеден и повторно бил населен, продолжувајќи да функционира како значајно воено, поморско и трговско пристаниште, но под македонско владеење.

На ова место сакаме да нагласиме дека Тир бил т.н. сестрински град на Картагина. Картагина се наоѓала на другата страна од Средоземното Море, јужно од Рим и имала клучна улога во развојот на Рим како супер-сила. Во случај Александар да ја освоел Картагина, како што имал намера, нашиот свет денес би бил сосема поинаков.

Продолжува

 Пишуваат:

1slave5РИСТО СТЕФОВ И

1slave 3СЛАВЕ КАТИН