ОСВРТ НА МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ ЗА ДЕЛОТО НА КАТИН „МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И ВО КАНАДА“

ШТО РЕКОЈА ИСТАКНАТИ ЛИЧНОСТИ ЗА ДЕЛАТА НА СЛАВЕ КАТИН 

На промоцијата на делото „Македонците во САД и во Канада“ што се одржала на 16 април 2003 година во Народната и Универзитетска библиотека „Свети Климент Ох­ридски“ во Скопје, свое излагање под наслов „Нов пристап кон иселеништвото“ имал и митрополитот на Македонската православна црква господин Кирил. Во исцрпното излагање митрополитот Кирил го рекол следното:

„Имам посебна чест и големо задоволство, пред сѐ, во квечерието на големиот христијански празник Цветници, а особено во пресрет на празникот над празниците, Светото Христово Воскресение – Велигден, како и големите јубилејни чествувања: 100 години од Илинденското востание, 100 години од Македонското иселеништво и 40 години од евангелису-вањето на првата Македонска православна црква „Свети Петар и Павле“ во градот Гери, Индијана, во САД, да бидам еден од учесниците на промоцијата „Македонците во Соединетите Американски Држави и во Канада“.

Тоа, покрај досегашните е уште едно големо дело создадено од перото на нашиот некол-ку­деце­ниски драг пријател и истакнат оригинален хроничар на ма­кедонската иселеничка голгота и вознес во период од 4 децении, бра­тот по Господа, Славе Николовски-Катин. Како долгогодишен надлежен епархиски архијереј на Ма­ке­дон­ска­­та православна црква за прекуокеанските земји, ќе се потрудам преку де­лото „Македонците во САД и во Канада“ на господинот Славе Катин, да ви прет­ставам дел од севкупното национално-духовно, црковно и културно-про­светно опстојување на нашите по крв и вера браќа и сестри Ма­ке­донци кои се определиле да живеат во демократските и од Бога бла­гословени др­жави САД и Канада.

Во оваа пригода сакам да нагласам дека познатството, со­ра­бот­ка­та и другарувањето со господинот Катин трае од 1969 година, од времето на мое­­то востоличување за надлежен архијереј на Американско-канадската ма­кедонска православна епархија, во црквата „Свети Климент Охридски“, во космополитскиот прекрасен град Торонто, Канада.

Оттогаш до денес со внимание ја следам неговата плодотворна и бериќетна творечка деј­ност, за која повеќепати сум се изјаснил. Еден од овие прекрасни мигови била и промоцијата на монографијата за Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ од Торонто, којашто била извршена во ис­­тоимената црква во 1994 година. Еве и денес ја имам таа посебна чест и задоволство, драги браќа и сестри по Господа, да зборувам за уште едно негово животно дело на­словено „Македонците во САД и во Канада“. Ова дело кон крајот на ми­натата година, поточно на патрониот празничен ден на свети Климент Ох­ридски ја доживеа својата промоција во Торонто, а потоа и во Детроит, два­та големи центра на македонската дијаспора на северно­аме­ри­­кански­от континент.

Оваа двојазична публикација, на македонски и на англиски, претставува круна на богатиот книжевен опус на господинот Славе Катин, по­светен на иселеништвото, сублимиран во повеќе од 20 тематски изданија, во кои се осветлува животот и импресивните активности на Македонците во САД и во Канада, како и нивната одисеја за опстој во новите средини, но и за совладување на предизвикот на носталгијата за својата родна и мила татковина Македонија.

Всушност, Црквата е оној спиритус мовенс во иселе-ништвото кој ги обединува нашите ма­ке­дон­ски чеда во Господа, ги мотивира и инспирира во севкупното жи­ве­ење. Тие жи­веат со вербата и со аманетот за вечно обединување како народ за себе и за сите идни македонски рожби.  На крајот од моето скромно излагање сакам да нагласам дека прив­лечноста на делото „Македонците во САД и во Канада“ од господинот Сла­ве Катин се разликува од другите публикации на оваа тема, по тоа што Катин му приоѓа на иселеништвото од еден подруг агол. Тоа е от­кри­вањето на при­чините, а не само на околностите за појавата и ге­не­зата на овој фе­номен.

Тој не го третира тоа како гола статистика, ту­ку го  доживува како река која незапирливо тече, но и како планетарна појава која ги облагородува државите во кои Македонците свиле ново гнездо. Кај Катин исе­леништвото пулсира со живот, тој живее со него, ја чувствува ди­на­ми­ката на сите овие простори, зашто македонските иселеници создаваат нови релации и нова клима во односите на САД и Канада со дедовската земја Македонија, зацврстувајќи ги мостовите на севкупната соработка.

Најискрено ви го препорачувам ова значајно и обемно дело од почитуваниот господин Славе Николовски-Катин, како непресушен извор за вистината на животот, развојот и растежот на македонските иселеници, организирано преку македонските иселенички асоцијации.

Посебно треба да се нагласи плодната дејност на македонските православни цркви и културно-просветни друштва во состав на Американско-канадската македонска православна епархија, на нашиот голем делател и творец на голем број трудови од оваа област со најискрени братољубиви чувства на најдлабока почит молитвено му посакуваме Господ да му дарува многудецениско до­л­го­ле­тие, да го следи Божјиот благослов со одлично здравје во сите денови од неговиот живот и создавање на уште вакви и слични добри дела. Затоа што живеењето без создавање на добри и трајни дела за својот народ, за својата Татковина и својата Света црква, не е живе­е­ње!“, истакнал почитуваниот митрополит на Македонската православна црква, господин Кирил.

Продолжува

1Dusan Ristevski ДУШАН РИСТЕВСКИ – МАКЕДОН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *