Мијајло Марсениќ по звршување на сезоната заминува од Вардар и оди во германскиот клуб Фуксе Берлин.
Бундеслигашот го потврди потпишувањето на договорот и го претстави Марсениќ како големо засилување.
Марсениќ е четвртиот ракометар од актуелниот состав на Вардар кој го потврди своето заминување по завршувањето на сезоната. Пред него тоа го направија Арпад Штербик, Илија Абутовиќ и Лука Циндриќ.
Заминување потврди и тренерот Раул Гонзалес кој заминува во ПСЖ.