ШКУПИ ГО “РЕШИ” ШАМПИОНАТОТ

Со победата над Вардар од 2-0, екипата на Шкупи речиси го одлучи шампионот во домашното првенство. Анулирањето на предноста на Шкендија која на свој терен го победи Пелистер со 3-0 стана невозможна мисија за “црвено-црните”, кои ќе мора до крајот на првехнството да редат само победи, а згора на тоа да се надеваат дека тетовци ќе “кикснат” на најмалку 3 натпревари до крајот на сезоната.

На другите три средби немаше поголеми изненадувања. Работнички славеше над Скопје со 3-0, Академија Пандев одигра слабо против забревтаниот Силекс и загуби со 0-1, а Победа и Ренова во Прилеп ги поделија бодовите играјќи нерешено 1-1.

Табела: Шкендија 46, Вардар 32 (-2), Силекс 31, А. пандев 25 (-1), Работнички 23 (-1), Шкупи 21, Победа 19, Ренова 18, Пелистер 16, Скопје 10

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *