Пелони: Билатералната соработка и Договорот од Преспа темите на средба Мицотакис –Заев во Атина

Билатералната соработка и имплементацијата на Договорот од Преспа ќе бидат темите за кои во четврток, ќе разговараат премиерите на Грција и Северна Македонија Кирјакос Мицотакис и Зоран Заев на нивната средба во Атина, рече портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина.

Средбата Мицотакис- Заев ќе биде во рамките на учеството на претседателот на Владата на Северна Македонија на Делфи економскиот форум.

-Да, планирана е средба на премиерот Кирјакос Мицотакис со господинот Заев во четврток. Темите се, очигледно, билатералната соработка и имплементацијата на Договорот од Преспа, одговори Пелони.

Во однос на почетокот на туристичката сезона на 15 мај и дали тоа значи и отворање на копнените граници за државјаните од соседните земји, како што се Северна Македонија и Албанија, портпаролката на грчката Влада, на прашањето на МИА објасни дека „постои конкретен план за безбедното отворање на туризмот и од копнените гранични премини, но сите детали, здравствените протоколи и на кој начин ќе биде отворен туризмот, ќе бидат соопштени кон крајот на неделава од министерот за туризам Харис Теохарис“.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *