ДВАЕСЕТ И ПЕТТОТО ПОКЛОНЕНИЕ ВО ВЕЧНИОТ РИМ – 1993 ГОДИНА

Во 1993 година убавиот Рим, тој вечен град, како многумина го нарекуваат, беше местото што државна и црковна делегација на Република Македонија го посетија и оддадоа почит на делото на светите браќа Кирил и Методиј, што започна во далечната 1969 година и по дваесет и четврти пат се одржа молебен на гробот на свети Кирил Солунски.

Овој пат државната делегација ја предводеше претседателот на Парламентот на Република Македонија, г. Стојан Андов, во чиј состав беа и д-р Димитар Бајалџиев, министер за образование и физичка култура, Златко Теодосиевски, заменик на министерот за култура, Никола Тодорчевски, помошник на министерот за односи со странство и Аленка Лапе, преведувач, додека црковната делегација ја сочинуваа митрополитот австралиски и администратор на Дебарско-кичевската епархија г. Тимотеј и старешината на Архиепископскиот соборен храм „Свети Климент Охридски” од Скопје, протојереј Драги Костадиновски.

Ден спроти празникот на светите Кирил и Методиј, на 23 мај, државната делегација предводена од претседателот на Парламентот на Република Македонија г. Стојан Андов, заедно со црковната делегација замина од аеродромот „Петровец” во Скопје за Рим, каде на воениот аеродром „Чиампино” беше срдечно дочекана од домаќините.

На денот на свети Кирил, на 24 мај, во претпладневните часови, поточно во 10 часот, пред влезот на базиликата се сретнаа двете делегации од РМакедонија. Свечениот чин на оддавање почит и изразување благодарност на делото коешто солунските браќа ги издигна на ниво на светители, започна со пеење на тропарот за светите Кирил и Методиј на македонски јазик, уште во горниот дел на црквата од Штросмаеровата капела, каде има мошти на свети Кирил и од каде тргна литијата кон криптата.

1905

Таму, на гробот на македонскиот и сееловенскиот просветител свети Кирил Солунски, државната делегација од Република Македонија, која за првпат ја предводеше претседателот на Парламентот г. Стојан Андов, беше положен венец. Потоа црковната делегација го отслужи молебенот, на кој со вдахновеност учествуваше и хорот на Ориенталниот институт „Русикум”.

По отпустот, митрополитот Тимотеј го одржа своето слово, искажувајќи го светителскиот подвиг на светите браќа и нивното значење за словенските народи, а особено за македонскиот народ. Истото слово за присутните беше пренесено и на италијански јазик.

Во текот на престојот во Ватикан, делегацијата на Македонската православна црква водеше разговори со ректорот на Ориенталниот институт „Русикум” и високиот функционер при одделот за односи со Римокатоличката и православната црква на Институтот, во кој најголем број студенти доаѓаат од црквите на источните земји: Руската, Романската, Украинската, Грчката и други православни цркви .

Исто така, црковната делегација беше примена од в.д. ректорот на Центарот за научни студии и истражувања „Енцие Алети”, патер Марко Иван Рупник и проф. Тамаш Шпидлек и други. Во разговорот, претставниците на оваа висока научна институција, меѓу другото, понудија, преку делегацијата на Македонската православна црква, искрена соработка преку прифаќање студенти од Македонија. Беше посочено дека Ориентал ниот институт не ги третира догматските разлики меѓу Православната и Римокатоличката црква, туку работи како поуспешно да ја доближи верата до граѓаните.

На крајот, црковната делегација беше примена од секретарот на Советот за единство на црквите, епископот Пјер Дипре и од префектот на Советот, кардиналот Касиди . Притоа делегацијата беше информирана дека се доделени две стипендии за школување на нивниот институт за професорите на Македонската православна богословија, Ѓоко Ѓорѓевски и Зоран Копчаревски.

Државната делегација имаше неколку средби со видни личности од политичкиот живот на Италија и тоа: во Министерството за односи со странство се сретна со членови на Парламентот на Република Италија. Меѓутоа, се чини највпечатлива беше средбата со папата Јован Павле II, која се одржа во приватна аудиенција и траеше околу половина час.

1906

Притоа беа покренати разговори во врска со состојбите во Македонската православна црква и Република Македонија, во новонастанатите плуралистички услови. Средбата кај папата Јован Павле II заврши со срдечност и со желба за успех и просперитет на Република Македонија, која се бори за целосно признавање од светот како самостојна, суверена и демократска држава.

Културниот дел на манифестацијата опфати два концерта на група македонски музички уметници што се одржа во салата „Балдини” во Рим на 19 и 21 мај и настап на најталентирани ученици од Музичко-балетскиот училишен центар „Илија Николовскил-Луј” од Скопје, одржан во салата на Понтификалниот институт, на 23 мај . Во програмата беа вклучени и предавања на три универзитетски професори што се одржаа на 24 мај на Понтификалниот универзитет „Ангеликум”.

Предавања одржаа: д-р Кирил Темков, професор на Филозофскиот факултет во Скопје, на тема:„Делото на свети Кирил”, д-р Елица Манева, професор на Филозофскиот факултет, на тема : „Средновековниот накит во Македонија” и отец Стефан Санџаковски , професор на

Теолошкиот факултет во Скопје, на тема: „Македонската култура плод на христијанскиот елинизам на светите браќа Кирил и Методиј”.

За поуспешно реализирање на овој дел од програмата голем придонес имаше падре Јиржи Мариа Весели, професор на Универзитетот „Ангеликум” и долгогодишен пријател и соработник на нашата земја.

Филолошкиот факултет во Скопје при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј”, го одбележа јубилејот на свети Наум Охридски со свечен час, што се одржа во големиот амфитеатар на Филолошкиот факултет, на 6 мај 1993 година. Предавања одржаа професорите и научниците од Филолошкиот факултет во Скопје: Вера Стојчевска-Антиќ, Мито Миовски, Красимира Илиевска, Добрила Миловска, Димитар Пандев, Емилија Црвенковска, Илија Велев и Маја  Јакимовска.

Оваа свеченост ја зголеми настапот на камерниот вокален состав „Свети Јован Кукузел”, со изведба на делови од Македонскиот октоих, чија реконструкција ја изврши проф. д-р Сотир Голабовски. На 13 мај 1993 година, ГИТ „Гоце Делчев” и НИО „Студенски збор” во чест на Климентовиот јубилеј ја издадоа книгата „Свети Клименту” од Вера Стојчевска-Антиќ, чија промоција се изведе на „Саемот на книгата 1993″. Промотор на книгата беше проф. д-р Георги Сталев, а фрагменти од песните посветени на свети Климент читаа студентите од Катедрата за македонска и јужнословенска книжевности при Филолошкиот факултет во Скопје.

Продолжува 

Пишува:

1slave СЛАВЕ  КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *