Средба на Димитров со шпанскиот амбасадор Сера: Поддршката од Шпанија за европерспективата на земјата

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров оствари средба со амбасадорот на Шпанија во Северна Македонија, Емилио Лоренцо Сера, соопштија од СЕП.

Вицепремиерот Димитров се надоврза на дискусијата остварена на средбата во октомври 2020 година при што го информираше шпанскиот амбасадор за континуираната посветеност на процесот на пристапување и ја претстави „Агенда: Европа дома” со која се потврдуваат заложбите за испорака на резултати во приоритетните области од кластерот „Темели”, изразувајќи надеж дека одлуката за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија од март 2020 година ќе се ефектуира во пресрет на идниот европски самит.

– Оваа година е можеби клучна година за одржување на кредибилитетот на ЕУ во регионот, што е од стратешки интерес и за земјите-членки како можност за развој на модалитетите за продлабочување на билатералната соработка. Благодариме за поддршката на Мадрид, а имаме интерес и за техничка помош во клучните реформски области заради постигнување на одржливи резултати, истакна Димитров.

На средбата беше реафирмирана поддршката од шпанска страна за европската перспектива на државата за што е неопходно отпочнување на преговорите за членство со Унијата што е можно поскоро, а беше разговарано и за можностите за зајакнување на билатералната соработка помеѓу двете држави во главните реформски област, но и економската и инвестициската рамка.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *