Средба на претседателот Пендаровски со Сојузот на Македонците со исламска религија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими претседателот на Сојузот на Македонците со исламска религија, Љатиф Пајкоски, почесениот претседател Исмаил Бојда и Амир Абдулаи, член на СМИР.

Пендаровски, како што информираат од неговиот кабинет, на сребата бил информиран за положбата и состојбата на Македонците со исламска религија, како и за досегашните и претстојните активности на Сојузот.

Претставниците на Сојузот го запознаа Претседателот со предизвиците со кои се соочуваат во зачувувањето на своите специфични културолошки особености, и го посочија проблемот на нивна недоволна застапеност во институциите.

Пендаровски, се вели во соопштението, изразил поддршка за напорите на Сојузот во застапување на нивните права и интереси, презентација и афирмација на специфичните традиции, обичаи и фолклор на Македонците со исламска религија.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *