СДСМ:Мицкоски не може да се помири со успешните економски политики на Владата што ја опоравуваат економијата

Пред да шири лажни вести, Христијан Мицкоски да ги провери реалните факти што ја докажуваат исправноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ.

Наспроти криминалното и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ коешто резултираше со осиромашени граѓани, задолжена држава и опустошена економија, Планот за економски раст и економските политики на Владата предводена од СДСМ даваат реални резултати.

Зголемена е минималната плата за работниците во сите индустрии која изнесува 12.000 денари, следува зголемување на платите во образованието, армијата и здравството, а скратени се непродуктивните трошоци.

Со спроведување на Планот за економски раст, потпишани се договори со осум странски компании, инвестиции вредни 73,5 милиони евра без да биде потрошен ниту денар на граѓаните за промоција и роуд шоуа.

Исправноста на политиките на Владата предводена од СДСМ ја потврди и меѓународната рејтинг агенција Фич којашто го подобри кредитниот рејтинг на Македонија.

Очигледно е дека Мицкоски не може да се помири со успешноста на Владата во економијата, наспроти погубните политики на неговата партија што оставија пустош во економијата. Владата предводена од СДСМ продолжува со остварување на Планот за економски раст и спроведување на мерките што обезбедуваат нови работни места, поголеми плати и повисок животен стандард за сите граѓани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *