Премиерот Заев на работен состанок на ЕУ со Западен Балкан во Софија

Премиерот Зоран Заев ќе учествува на работниот состанок на претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер и премиерот на Република Бугарија Бојко Борисов, како премиер на земја претседавач со ЕУ со шефовите на држави и влади од Западен Балкан, што на 1 март ќе се одржи во Софија, Република Бугарија.

Тема на состанокот се можностите за забрзување на процесот на интеграција на Западен Балкан во ЕУ и подобрување на меѓусебната поврзаност.

Како што соопшти владината прес-служба, покрај премиерот Заев, на состанокот најавено е дека ќе присуствуваат и премиерите на Албанија, Еди Рама, на Црна Гора, Светозар Марковиќ, како и претседателите на Србија, Александар Вучиќ, на Косово, Хашим Тачи и членот на претседателството на БиХ, Драган Човиќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *