Улогата на Ератостен и на останатите научници

 

Бидејќи египетската македонска држава на Птоломејците станала светска поморска и континентална војна и економска сила, Александрија станала и научен центар. Птоломејците праќале научни географски експедиции долж Нил, Црвеното Море и источниот брег на Африка, а потоа преку Гибралтар сè до Англија и Исланд. Овие истражувања му овозможиле на Ератостен (276-194 пред Христа), библиотекар во Александријската библиотека, да направи пресврт во науката. Утврдил дека Земјата е во вид на топка и ги вовел земјените меридијани и пралели. Прв ја одредил големината на Земјата и нашол дека обемот на земјиниот меридијан изнесува 252.000 стадиуми, што е околу 1.000 км помалку од стварната вредност. Се бавел со астрономија, математика и изработил мапа на светот.

Ја дал следнава хронологија на праисториските настани: создавање на кадмовата Теба 1313; раѓање на Херакле 1261; походот на Аргонаутите 1225; војната на седморицата против Теба 1213; востоличување на Агамемнон за крал на Микена 1200; падот на Троја 1183; Теспротите ја колонизираат Тесалија 1124; колонизација на Пелопонез од Дорците-Хелени 1104; Еолска колонизација на Лезбос 1053 и Јонска колонизација на Мала Азија во 1044 година пред Христа.

Калимах се смета за автор на првиот библиотекарски каталог под името „Пинакас“ (список) од 120 томови. Ја унапредил критиката, историјата, книжевноста, граматиката и лексикографијата. Напишал уште 800 книги во стихови и прози, оставил 60 епиграми, шест химни, фрагменти од драми и др. Со своите дела влијаел на римските поети Овидиј и Катул. Бил учител на познатиот критичар и книжевник Аристофан од Бизант (262-185 пред Христа) и на Аплониј од Родос (295-215 пред Христа), автор на поемата за Аргонаутите која послжила како пример на римските поети. Калимаховиот опус ја претставува Александровата литературна историја. 

Александровата библиотека за време на Калимах имала фонд од 500.000 ракописи, а за време на Клеопатра достигнала фонд од 700.000 ракописи. Таа била во состав на Музејот и имала огромно значење во развојот на античкиот македонски јазик „Александровиот коине“, светската култура и за цивилизација. Таа, со времето, станала најважен светски научен центар каде доаѓале интелектуалци и од Исток и од Запад. За време на Птоломеј II извршен е превод на Стариот завет од јудејски на Алекасндровиот македонски јазик, од страна на 70 еврејски ученици. Поради тоа, овој значаен цивилизаторски превод има два назива и тоа „александријски“, бидејќи е направен во Александрија и „септуагинта“, според бројот на преведувачи, а точно ги имало 72, по 6 од секое племе. Според преданието, секој преведувач морал да работи самостојно.

Сепак, на крајот, сите преводи биле идентични, што се толкува со општата инспирација од Светиот дух. Преводот подоцна е користен од писателите на Новиот завет, од првите христијани, сè до ден-денешен. Од овој превод направени се латински (Вулгати), како и словенски преводи. Во Александриската библиотека извршени се, исто така, и преводи на будистичките канони на кинески јазик. Античкиот македонски „коине“ бил официјален јазик на целата империја од Дунав и Јадранот до Индија.

Меѓу позначајните научници на Кралската македонска академија во Египет спаѓа и Посејдониј (135-51 пред Христа). Тој бил филозоф, историчар, природонаучник, географ и астроном. Бил учител на Цицерон и Помпеј. Од неговите дела сочувани се само фрагменти. 

Аристарх (217-145 пред Христа) од Самотрак е следниот познат научник од оваа Академија. Тој ги собрал и објавил делата на Хомер, Есхил, Аристофан и други и напишал граматика на терминологијата на античкиот македонски „коине“ јазик. Тука, секако, спаѓа и Аристарх (320-250 пред Христа) од Самос, кој е еден од најголемите астрономи на стариот век од оваа школа. Бил филозоф и прв кој тврдел дека Земајта се врти околу Сонцето – хелиоцентрична теорија. Го дал методот за одредување на растојанието на Сонцето од Земјата и пресметал дека Сонцето е 300 пати поголемо од Земјата.

Меѓу великаните на науката спаѓа и Еуклид (околу 300 година пред Христа) кој живеел и работел уште за времето на Птоломеј I. Тој е основач на геометријата како наука; ги пронашол и ги дал законитостите во геометријата кои и денес важат. Неговите „Елементи на геометријата„ во 13 книги, во VII века по Христа, преведени се на арапски и латински јазик, а потоа на сите други европски јазики. Папаставроу15 наведува дека и денешната школска геометрија е „Еуклидска“ со незначителни дополни. 

15 Papastavrou, I.: Istoria tis Arhaias Ellados, p. 476, Hiotelli, Athinai, 1972         

Архимед (287-212), најголем математичар и физичар на стариот век, учел во Александрија, потоа живеел во Сиракуза на Сицилија, но одржувал постојана преписка со александриските математичари, па благодарение на тоа сочувани се некои негови дела. Меѓу нив се: За квадратурата на гругот, За топката и цилиндерот, За коноидите и сфероидите, За пливање на телата, За мерење на кругот, итн. Познат е Архимедовиот закон во физиката и Архимедовата аксиома во геометријата и др.

Маѓу најзначајните математичари на Александријската академија е и Хипарх (190-125 пред Христа), кој бил и астроном, но и втемелувач на тригонометријата. Филон (околу 250 година пред Христа), инженер и тактичар, го напишал големото дело „Системот на механиката“ и се смета за „крал на машините“.

124balk

Александријската академија била и светски центар на медицинските науки. За време на Птоломеј I, познат е славниот лекар Херофил кој особено се бавел со анатомија на централниот нервен систем и истакнал дека мозокот е седиште на нервниот систем. Во текот на владеењето на царот Птоломеј II, истакнат лекар и анатом бил Еразистрат (304-227), кој ја основал Александријската школа за анатомија, поставил разлика меѓу моторните и сензорните нерви и вовел катетер во терапијата и др.

Покрај тоа, многу опширно ја опишал хисто-анатомијата и физиологијата на кардиоваскуларниот ситем, урогениталниот и дигестивниот систем и друго. Сметал дека ќелијата (атомот) е основа единица и дека атомите формираат ткиво (месо), од кое според фунциите настануваат органите, односно органските системи.

Во фармакотерапијата се истакнал Никандар (околу II век пред Христа), кој истовремено пишувал песни за дивите ѕверови „Thyriaka“ во кои говори за лекови од каснување на диви ѕверови, како и песни за лекови против труење со храна, тревки, итн., и за земјоделие. Влијаел врз римските поети Овидиј и Вергилиј. 

Антиохијската и Пергамската библиотека

Нема да го анализираме културниот и цивилизацискиот придонес кон „македонизмот“ што го дале македонските држави во Европа и Азија, туку само ќе нагласиме дека Селеукидите први воспоставиле трговски и културни врски со кинеската династија Хан и дека во Антиохија основале библиотека на ист ранг како онаа во Александрија. Директор на библиотеката бил Еуфорион (околу 275 година пред Христа), најзнаменит претставник на поетскиот стил што го основал Калимах. Пергамската библиотека во Мала Азија е дело на македонскиот крал Атал I Сотир (241-197 пред Христа).

Била, исто така, на ист ранг како александријската библиотека и многу допринела кон ширење на македонската култура во Мала Азија. Располагала околу 200.000 книги и нејзин патент е пергаментот, измазнета овчја, козја или телешка кожа, што служела за пишување по препарацијата. При археолошките ископувања во 1878 година, најголемо откритие бил Зевсовиот олтар, на кого е претставена борба на боговите, гигантите и Галат на умирање. Пергам и во римското доба бил важен кутлурен центар во кого често оделе младите римски аристократи поради образование.

125balk

Новата александријска библиотека во Египет

Последната египетска македонска кралица Келопатра, постарата ќерка на Птоломеецот Аулет, со мажењето најпрво за Цезар, а потоа за Марко Антоние, го сочувала своето кралевство и големата библиотека, сè до поразот на Антоние од римскиот Октавијан, кај Акциум, во 30 година пред Христа. Меѓутоа, Римјаните не ја уништиле библиотеката и конзервираната македонска и светска култура. Тоа го сторил Омар, Ибн ал Хатаб, арабиски халиф (634-644 по Христа), кога го освоил Египет и наредл да се спали Александријската библиотека. Тогаш рекол:

„… Она што е потребно луѓето да го знаат, напишано е во Куранот, а што не е напишано во Куранот, тоа не им е потребно да го знаат.“ Но, и покрај таа културна катастрофа, многу документи се сочувани и со време преведени на арапски, латински и на други јазици.

Со залагање на владата на Египет и под спонзорство на УНЕСКО, во 2002 година повторно е отворена Новата александријска библиотека, која чинела повеќе од 200 милиони долари.

Таа е подигната на истата локација каде била и старата зграда. Има 11 ката, 300 училници и конференциски амфитеатри за 3.500 учесници, со фонд од 8.000.000 книги и современа информатичка технологија. На тој начин, старата традиција е обновена.

Бидејќи, како што библиотеката на Александар Македонски-Велики била симбол на знаењето и културата на Македонскиот комонвелт, така и Новата александријска библиотека ќе ù служи на целокупната светска култура и цивилизација и ќе биде траен спомен за големиот син на античките народи на Балканот. Таа истовремено е и чувар на идентитетот и континуитетот на создателите на таа култура во нашето време, чувар на нивната иднина.

Според тоа, терминот „Хелени“, а не „македонизам“ е свесна духовна кражба, фалсификат на историјата, присвојување на туѓо културно наследство со далекусежни последици, бидејќи навлегува во колективната свест. Со поништување на културата, се поништува и народот-создадел, бидејќи културниот идентитет е суштина на народот. Од ова следи дека историјата на народите на Балканот е заедничка, комплементарна, како што е и нивната иднина во Европската заедница.

Продолжува

Пишуваат:

1slave 3АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И

1slave 3 СЛАВЕ КАТИН 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *