ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА ЦРВЕНА ЗВЕЗДА

По повод објавената статија во некои српски медиуми, дека во таборот на кошаркарскиот клуб Црвена Звезда владее вистински хаос, “црвено-белите” денеска одржаа конференција за печат на која беше кажано дека во клубот владее мир и дека се работи за дезинформација. За Македонија тоа и не би било така битно, доколку за еден од главните виновници за таквата состојба не е обвинет нашиот репрезентативец, Перо Антиќ.

-Што е потребно, да му скршам нога на Перо за да го скротам? Тој на Звезда и даде многу повеќе од тоа што се договоривме кога го раскина договорот со Фенербахче. Ме боли тоа што наместо денеска да разговараме за родендените на децата на Антиќ и Лазиќ, ние се замараме со вакви глупости. Но добро е да се знае дека во српската кошарка нема ништо чесно и честито во моментов-изјави тренерот на Црвена Звезда, Душан Алимпијевиќ.

Своја изјава имаше и нашиот Антиќ.

-Сите оние кои ме познаваат знаат дека давањето “жолт картон” не е мој стил. Работиме добро и очигледно е дека некој сака да ја наруши хемијата која владее во тимот. Имам  голем респект кон нашиот тренер и се што ќе каже исполнуваме, без оглед на годините. Што се однесува до објавеното видео на кое има алкохол и цигара во моите раце, веќе им се извинив на сите во клубот- вели Антиќ.