РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА МОЖЕ МНОГУ ДА ЗАРАБОТИ

Извршниот комитет на УЕФА, ги утврди наградите за претстојното Европско првенство, односно за првенството кое ќе се игра 2020 година. Пласманот на ЕП на секоја федерација чија репрезентација ќе избори учество на континенталниот собир, ќе и донесе по 9, 25 милиони евра.

Македонија има историска шанса преку Лигата на нации да избори пласман на ЕП. Во нашата група се наоѓаат уште и селекциите на Ерменија, Лихтенштајн и Гибралтар. Ако бидеме први во оваа група, ќе влеземе во Ф4, а потоа преку полуфинале и финале, би можеле да избориме пласман.

А таму е веќе сосема друга приказна. Секоја победа на ЕП би и донела на ФФМ уште дополнителни 1,5 милиони евра, а секое реми по 700 000 евра. Пласманот во осминафиналето носи дополнителни 2, а во четвртфиналето 3, 25 милиони евра. Полуфиналистите ќе инкасираат уште по 5 милиони евра. Победникот во финалето на “Вембли” ќе заработи дополнителни 10 милиони евра, а поразениот 7 милиони евра.

Еве шанса А-селекцијата на Македонија конечно да заработи нешто.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *