Заев и Тевдовски на средба со Лабуристите во Лондон

Во рамки на посетата во Лондон, претседателот на СДСМ и претседател на Владата на Република Македонија, Зоран Заев заедно со членот на ИО на СДСМ и министер за финансии Драган Тевдовски се сретнаа со лидерот на Лабуристите, Џереми Корбин и потпретседателката Емили Торнбери, од најголемата социјалдемократска партија во Европа.

На средбата на социјалдемократите од Република Македонија и Велика Британија беа афирмирани заедничките заложби за создавање едно општество за сите – инклузивно општество базирано врз принципите на социјална правда со фер даноци и поддршка за ранливите групи.

Претседателот Заев ги информираше колегите од Велика Британија за демократските реформи што се спроведуваат во Република Македонија, имплементацијата на економските и социјалните мерки, како и напорите што ги прави оваа влада за интеграција во ЕУ и НАТО.

Лидерите на Лабуристичката партија во Велика Британија, Корбин и Торнбери изразија поддршка за активностите на владата предводена од премиерот Заев, кои ја вратија стабилноста во Република Македонија и ги подобрија односите со соседите. Тие оценија дека за една година нашата земја се променила во позитивна насока и ја заслужува посакуваната евро-атлантска иднина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *