ДС: Реформите ги отвораат вратите за НАТО и ЕУ

Демократскиот сојуз оценува дека, силната и недвосмислена поддршка од највисоките претставници на ЕУ и НАТО, за реформите и промените кои се одвиваат во Република Македонија, мора да биде мотивирачки  фактор на внатрешна кохезија и преземање на одговорност од сите граѓани за иднината и просперитетот на државата.
Посветеноста, работата и сериозниот пристап кон имплементација на реформите во правосудниот систем, тајните служби, администрацијата и медиумите, како и внатрешната стабилност, ќе ги отворат вратите на Македонија за полноправно членство во ЕУ и НАТО.
Политиката на градење добри односи со соседите, соочување и решавање на тешки прашања кои ги оптоваруваа односите со децении наназад, несомнено  се карактеристика на новото време и новата филозофија на владеење.
Македонија  има историската шанса  да фати чекор со демократски развиените и економски силни држави и оттука потребата во наредните  три месеци, сите партии, приоритет да дадат на реформите во клучните области, да покажат на дело и со заедничка работа, дека се за создавање  услови за подобар живот за сите граѓани.
Треба да се престане со меѓусебни дисквалификации, поделба на патриоти и предавници, негирање на се што досега е направено или се прави.
Наместо тоа, ДС  повикува, да  ги засукаме ракавите и да работиме,тоа е најсилната гаранција за успех, мир, стабилност и европски перспективи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *