Потпишана декларација за соработка помеѓу ЗНМ и СЕММ и Здружението за интерактивно огласување ИАБ Македонија

Здружението на новинари на Македонија и Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ), и Здружението за интерактивно огласување ИАБ Македонија потпишаа декларација за соработка.

Како што соопшти ЗНМ, потписниците на Меморандумот за соработка, во рамки на својата примарна дејност и цели, заеднички ќе дејствуваат и во корист на дополнително унапредување на работата на новинарите, медиумите, издавачите,  маркетинг агенциите, како и подобрување на стандардите на дигиталното огласување на територијата на Република Северна Македонија. Преку заеднички активности, трите здруженија, меѓу другото, ќе се стремат и кон континуирана промоција и унапредување на етичките стандарди како и иницијативи за градење на капацитетите на своите членови.

Според претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски со оваа, заедничка, иницијатива, „ќе се унапреди промоцијата и развојот на Регистарот на професионални онлајн медиуми и дополнително ќе се засили медиумската саморегулација како механизам за промоција на медиумите кои ги почитуваат професионалните и етичките стандарди при известувањето“.

Претседателката на Управниот одбор на СЕММ,  Катерина Синадиновска, го истакна значењето на заедничката иницијатива меѓу СЕММ, ЗНМ и Стопанска комора, како и можноста, во рамки на внатрешната координација во ИАБ, да се поттикне процесот на пристапување на поединечни информативни онлајн медиуми кон Регистарот на професионални онлајн медиуми.

– Во иднина, ЗНМ и СЕММ ќе работат на конкретни, заеднички активности за членките, во насока на промоција на етичките стандарди, заедничките обуки, унапредувања на етичките правила за известување и сл. , изјави Синадиновска.

Претседателката на  ИАБ Македонија (ИАБ), Сашка Николова најави дека ,,во иднина ќе се унапредува понатамошната соработка во насока на подобрување на дигиталното издаваштво, промоција на етички стандарди, како и развој на дигиталниот пазар и огласувањето во Македонија”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *