Бектеши апелира што поскоро да се изгласа законот за финансиска поддршка на инвестициите

Министерот за економија Крешник Бектеши очекува Предлог законот за финансиска поддршка на инвестициите, во најкраток можен рок да биде ставен на дневен ред на седница во Собранието, откако по завршување на тековната постапката на ЕНЕР и по усвојување од Владата ќе влезе во собраниска процедура.

– Сакам да ги повикам сите пратеници што побрзо да го гласаат овој закон бидејќи е во интерес бизнис заедницата на Република Македонија и да почнеме  во практика да го реализираме, изјави денеска Бектеши одговарајќи на новинарско прашање кога очекува да биде донесен законот со оглед состојбите во работата на Собранието поради Предлог законот за употреба на јазициите.

Новите договори што ги потпишуваме со инвеститорите, дополни, се во рамки на законот што е предложен  од Владата.

Со новиот Закон за поддршка на инвестициите се опфатени првите два столба од владиниот План за економски раст. За малите средни претпријатија, кои се опфатени со третиот столб, како Министерство за економија заедно со Канцеларијата на претседателот на Владата за економски прашања, подготвуваме начини како да ги субвенционираме и ќе бидат инволвирани во законот или со преодни одредби или со јавен конкурс преку Фондот за иновации и преку секторот на Министерството за економија за мали и средни претпријатија, појасни Бектеши.

За нацрт верзијата на законот за поддршка на инвестиците, што од 15 месецов е поставен на Единствениот национален регистар на електронски прописи, може да се доставуават коментари уште 12 дена

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *