ДВА ТЕСТА БЕЗ НАЈДОБРИТЕ

На 27. феруари и на 1. март, на терените на СРЦ “Петар Милошевски”, Македонската репрезентација  до 19 години, која се пласираше во елитната група за пласман на ЕП во Финска, ќе одигра два пријателски натпревари против соодветната селекција на оваа земја. Во изборот на селекторот Вујадин СтанојковиЌ. ќе ги нема тројцата најдобри во оваа генерација, Елиф Елмаз, Дарко Чурлинов и Димитар Митровски, но ќе биде ова можност за останатите да видат до каде се со формата на еден месец пред почетокот на квалификациите.

-Јасно е дека ќе ни недостасуваат Емлас, Чурлинов и Митровски, но ова е можност за сите други фудбалери да видат до каде се. Финска е силен противник и мораме да одиграме на високо ниво. Мислам дека со силна волја упорност и борбеност ќе го надополниме отсуството на посочените фудбалери – изјави Станојковиќ.

На списокот на Станојковиќ се наоѓаат:

Голмани: Христијан Стевковски, Благојче Иванов

Одбрана: Агрон Руфати, Антонио Митрев, Филипм Антовски, Тодор Тодороски, Филип Трајановски, Оливер Стоименовски, Кирил Ристовски

Среден ред: Филип Стојчевски, Марко Ферукоски, Енис Фазлагиќ, Јани Атанасов, Михаил Маневски, Миле Тодоров

Напад: Кристијан Трапановски, Бојан Миовски, Бојан Колевски

Квалификациите ќе се играат на Арената “Филип втори” во Скопје.