Писмена реакција за ставот на Бујар Османи

Почитувани,
Во врска со ставот на Вицепремиерот од редовите на ДУИ, Бујар Османи, кој одговорајќи на
пратеничко прашање рече дека тие што се против Законот за јазиците се против ЕУ и НАТО и
земјата, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната
реакција:
Македонската Алијанса го повикува ДУИ да престане да се идентификува со ЕУ и НАТО Алијансата.
Инсистирањето на противуставниот Закон за двојазичност е класична политичка уцена и терор на
едно малцинство врз Македонскиот народ. Нашите уважени и почитувани сограѓани Албанци
сакаат подобра економска иднина, животен стандард! Преку глава им е веќе да бидат алиби на
ДУИ кои преку нивниот грб се богатеа изминативе 15 години како вечни партнери на секоја власт.
Еве неколку прашања до Али Ахмети и Бујар Османи. Дали сме поблиску до ЕУ и НАТО кога ниту
еден поранешен функционер на ДУИ не одговара за криминал? Ги заборавија ли Хашките случаи и
срамната амнестија во Македонското Собрание? Заборавија ли како Талат Џафери со читање
литература го спречи донесувањето на Законот за бранители? Нели е против Македонија да се
избегнува и да се опструира спроведување на статистичка операција како попис? Во чие име и со
кој мандат се негира правото на Македонскиот народ да одлучува за најважното национално
прашање? Дали Законот за двојазичност нема да биде злоупотребен од Грција за дополнително
оспорување на Македонскиот национален идентитет? Европско ли е тврдењето на Еди Рама дека
тој е најзаслужен за Законот за двојазичност? Поблиску ли сме до ЕУ и НАТО со прославата на 10
годишнината од независноста на Косово во Македонија, повторно во режија на ДУИ? И конечно,
зошто ДУИ никогаш во последниве 15 години не побара од ниту една Албанска Влада да го
признае Уставното име на Република Македонија?
Законот за двојазичност нема врска со аспирациите на Македонија за членство во ЕУ и НАТО
Алијансата. Овој закон е само дел од агендата на ДУИ со која се обидува да ги со врати рејтингот
кај Албанските гласачи. Противуставен е, неспроведлив е, и ги надминува нормите и духот на
Охридскиот рамковен договор. Ние не сметаме дека нашето барање да се спроведе попис пред
воопшто да се отвора дебата за уцената на ДУИ е барање кое ги загрозува Евроатланските
интеграции на Татковината. Напротив!
Како што ќе има референдум, еден ден ќе има и попис! Државната пописна Комисија ќе ја
раководи лице со висок морален кредибилитет, предложен од Македонската Дијаспора, кое не
учествувало во претходните политички пазари.
СТОП ЗА РАЗДАВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ! БРАЌА И СЕСТРИ ДА ГИ
ЗАЧУВАМЕ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ!
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА
Претседател,

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *