Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ вчера до претседателот на Собранието, Талат Џафери достави потписи и записници од Иницијативата за донесување на закон за поништување на Законот за попис, на што СДСМ возврати дека најголемата опозициска партија продолжува да се однесува несериозно кон важни прашања, како што во случајов е најобемната статистичка операција – пописот.
По доставувањето на Иницијативата до Џафери, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски на прес-конференција апелираше до власта да прекине со постапката за попис.
– Ја повикуваме власта да се одважи и да го одложи пописот за 2022 година, да направат забелешки во текстот на законот и да го подобри за да може да имаме онаков попис каков што е потребен за развој на државата, бидејќи сегашниот текст на законот за попис нема да донесе ништо што е различно од она што го имаме ние како државјанства во Република Македонија, истакна Сајкоски.
СДСМ, од своја страна, оцени дека нема да успеат обидите на ВМРО-ДПМНЕ да го закочи овој процес важен за граѓаните и за иднината на државата.
– ВМРО-ДПМНЕ продолжува да се однесува несериозно кон важни прашања како што е најобемната статистичка операција – пописот. Законот за попис, кој денеска ВМРО-ДПМНЕ го оспорува, се подготвува од март 2018 година, а пред да влезе во собраниска процедура во него беа вградени забелешки на опозицијата, а активно вклучени и консултирани беа и експерти, реагираше СДСМ преку партиско соопштение.
Според СДСМ, токму поради политичките калкулации на ВМРО-ДПМНЕ пропадна пописот во 2011 и државата 19 години земјата е без попис, а сега опозициската партија прави се „државата да изгуби уште една година без да добие целосни, точни и релевантни податоци, важни за креирање на долгорочни политики“.
– Пописот кој ќе се одржи оваа пролет, ќе биде спроведен согласно сите меѓународни стандарди, согласни сите пракси на Евростат и Обединетите Нации, по цели 19 години Државниот завод за статистика ќе спроведе попис кој ќе донесе точни и целосни податоци за населението и домаќинствата, посочија од СДСМ.
Предвидено е пописот да се одржи во првата половина на април годинава. Со него треба да се обезбедат податоци за вкупното резидентно население, вкупното нерезидентно население и вкупно попишано население – категорија која ги опфаќа претходните две категории население.
What a fascinating read! The author did a fantastic job presenting the information in a way that’s both informative and entertaining. Id love to dive deeper into this subject. If anyone else is interested, click on my nickname to join the conversation!