Институтот за фолклор „Марко Цепенков“-Скопје, придружна членка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, прославува 70 години од своето постоење.
-Како резултат на долгогодишното постоење и работа на Институтот, во 2020 година се објави монографијата „70 години 1950 – 2020“ во издание на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во редакција на д-р Зоранчо Малинов и д-р Катерина Петровска-Кузманова, стои во соопштението испратено до јавноста.
Како што информираат од Институтот, свечената промоција по повод јубилејот нема да се одржи поради актуелната ситуација со Ковид пандемијата.