Во рамки на соработката на Република Северна Македонија и Република Албанија во делот на управувањето со кризи в.д. директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов е во работна посета на Албанија по повод спроведувањето на обука за НАТО регионални проекти во делот на управување со кризи.
Како што соопшти ЦУК, Ангелов беше придружуван од кодиректорот на проектот НАТО СПС НИКС (NATO SPS NICS), Урим Вејсели заедно со стручни лица од ЦУК, а од албанска страна на отпочнувањето на обуката присуствуваа заменик министерот за одбрана Петрo Кочи, директорот на Националната агенција за цивилна заштита Хаки Чако и генералниот директор (на Генералниот директорат) на Службата за заштита и спасување од пожар на Албанија, Алфред Кристули.
Станува збор за настан директно поврзан со обуката за веб-базираната комуникациска платформа „Следна генерација на Систем за командување и управување со инциденти“ (Next-Generation Incident Command System – NICS) и е дел од проектот „Напредна регионална координација при цивилни итни состојби“ во Западен Балкан којшто се имплементира во рамки на Програмата на НАТО – Наука за мир и безбедност (NATO SPS).