ОД СВЕТИ ПЕТАР – ЕДЕН ОД ТРОЈЦАТА ХРИСТОВИ УЧЕНИЦИ – ДО ТЕРМИНОТ ПОМАЗАНИЕ

Во ова продолжение за читателите ќе претставиме дел од „Библискиот речник“, преку имињата, зборовите, изразите, називите,  лексикографските термини…: од Петар – еден од тројцата омилени Христови ученици, до терминот Помазание – излевање на масло на некого на главата, или на некој предмет

Петар – еден од тројцата омилени Христови ученици. Познат е и како Симон Петар, Симон или Кифа (со значење на ,,камен”). Потекнувал од рибарското село Витсаида на брегот на Галилејското Езеро, а со брат му Андреј биле рибари. Името Петар или Кифа значи камен, карпа, му го дал Исус, со зборовите: ,,Ти си Петар (Кифа) и на тој камен ќе ја изградам црквата Своја (Мт 16, 18)”. Ги предводел апостолите и прв проповедал меѓу паганите. Се одрекол ол Христатри пати, а пред да Тој да воскреснеПетар три пати Му ја посведочил својата љубов на Исус. На Педесетница, по слегувањето на Светиот Дух, смело проповедал пред група луѓе во Ерусалим. Тогаш поверувале и се крстиле околу 3000 луѓе (Дап 2:41). Во почетокот им проповедал само на Евреите, но Бог во визија во Јопа му наложил да зборува и пред другите. Царот Ирод го уапсил, но на молба на христијаните го ослободил (Дап 12,3-11). Напишал две новозаветни посланија во Рим. Според преданието умрел со маченичка смрт на крст, распнат со нозете нагоре, по наредба на царот Нерон, околу 67-68 г.

Петрови посланија, 1 и 2 – првото е пишувано за време на гонењето на христијаните околу 65г., а второто подоцна. Им пружиле поддршка на христијаните кои биле подложени на страшни прогони и ги опоменува на лажните пророци. Спаѓаат во групата на „соборни” посланија.

Петефри (Потифар) – капетан на телесната гарда на египетскиот фараон, го купил Јосиф од Мидјаните и го поставил за пехарник. Но по лажната оптужба од жена му, Јосиф бил фрлен во темница (1 Мој37,36).

Петокнижие – в. Пентатеух.

2pet

Печат – на првосвештеникот, кој бил ставен на каменот со кој бил затворен гробот на Исус (Мт 27,66).

Печка огнена – заграден простор во кој се наложува оган илисе пече леб, грнчарски производи, се затоплува куќата или, пак, се топи руда (Мт 13,42). Во преносно значење, означува вечни маки. Тројцата другари на Даниил биле фрлени во една таква печка (Дан 3).

Пешадијци – војниците што трчале покрај бојните коли во битките (1 Цар8,11).

Писидија – дел во јужна Мала Азија иво римската провинција Галатија. Апостолите Павле и Варнава два пати поминале оттаму (Дап 13,14-51; 14,24).

Писмо – областа на „Плодната полумесечина”, му дала на човештвото писмо, како трето средство за изразување на човечките мисли. Веројатно под влијание на сликовитото писмо на Египќаните, семитските работници на Синај развиле свој посебен начин на пишување. Тоа била првата фаза од северосемитското писмо, кое е директен предок на латиницата. Се користело во Палестина, Ханаан и Феникија. Кон крајот на 9 в.лр.И.Х. го лрифатиле и античките Грци, а од таму се раширило во Рим, а понатаму и низ целиот свет.

Плач Еремиин – дваесет и петта-та книга од СЗ, се состои од пет песни со кои се оплакува разору-вањето на Ерусалим (во 587 г.пр.И.Х.}. Некои научници веру-ваат дека се пишувани од повеќе автори, во Вавилон, но според преданието нивни автор е про-рокот Еремија (Еремија).

Плодната полумесечина – израз искован од современиот научник Џ.Бристид, со кој ја означил плодната површина во облик на полумесечина, која се простира од реките Еуфрат и Тигар, а вообичаено позната како Месопотамија (Меѓуречје), па преку Сирија и Средоземното Море и западно до Палестина и долината на Нил во Египет. Таму се појавиле повеќе значајни древни култури, а откриени се и мноштво стари градови: Ур, Мари, Нузи, Алаке и др. Низ тие краеви поминувале Асирците, Хетитите. Таму се развивала еврејската традиција. Овој регион бил мост меѓу Европа, Азија и Африка за војските, трговците и поклоницитеЗначаен е и во денешно време.

Покривало – (1 Мој 24,65; 20,16), неопходен дел од источната женска облека. Еврејките не оделе постојано со покриено лице. Покривалото ја означувало скромноста и покорноста на мажот. Затоа веројатно апостолот Павле им препорачувал на жените на јавните собири да имаат покривала на главите (1 Кор 11,3-10). Мојсеј по враќањето од Синај носел покривало, зашто лицето многу му сјаело (2 Мој 34,33). Во Скинијата и во храмот со тешка завеса (покривало) се одвојувал просторот на Светињата над светињите. Расцепувањето на таа завеса, во моментот на смртта на Христос, означува крај на обредниот закон, кој ги одвојува Евреите од незнабошците. Во Ис 25,7 се наведува дека сите народи се покриени со покривало, што го означува нивното незнаење и суеверие.                            

3pet

Први плодови – плодовите од жетвата што се принесувале како жртва пред Господ во име на народот на Празникот на бесквасните лебови (3 Мој23,10.17) и од страна на поединци (2 Мој 2 ,19; 5 Мој 26,1-11). Изразот се користи и фигуративно во НЗ (Рим 8,23; 11,16;16,5;1 Кор 15,20.23; Откр 14,4). 

Покуќнина – мебел, предмети во домаќинството (1 Мој 31,34).

Првина – преороденото од животните кое Му припаѓало на Господ (1 Мој 4,4; 2 Мој 13,12). Од чисто животно се жртвувало, а од нечисто му се кршел вратот или се заменувал со жртвување на јагне (ЗМој 27,26).

Првороден син – најголемите права му припаѓале на најстариот син во семејството. Јаков го измамил својот татко и му го одзел правото на првороден на брат му Исав (1 Мој 25,29-34). Најстариот обично бил и водач на племето. Бог за Израел вели: ,,Тој е мој првороден”, (2 Мој 4,22). Христос е над сите, па се нарекува и Тој првенец (Рим 8,29; Кол 1,15). И синот единец се нарекувал првенец или првороден (Зах 12,10).

Полагање раце – симболичен чин на ставање на рацете врз некого, обично врз главата како обред на благословување. Се полагале раце врз животното што се принесувало како жртва (3 Мој 1,40, со што таа се прикажува како претставник на човекот пред Бога; врз децата (1 Мој 48,14), со што им се пренесува родителскиот благослов; врз болните (Мк 8,23) со што им се пренесува Божји благослов; кога апостолите, мисионерите и други полагаат раце врз некого, го обележуваат   дека е посветен за Божја служба (1Тим 4,14). Денес се нарекува и ракоположување.

Помазание – излевање на масло на некого на главата, или на некој предмет. Спаѓал во обичаите за дотерување (Рута 3,3; 2 Цар 12,20). Често пати бил знак на внимание кон гостинот (Лк 7,46) или, пак, се применувал за лечење на рани (Ис 1,6). Се помазувале и мртви тела (Мк 14,8; Лк 23,56). Инаку, помазанието било дел од официјалната церемонија за посветување на пророци или цареви (2Мој28,41;3 Цар 19,16). Бог Го помазал Исус (Дап 10 38). а Израел е од Бога помазан народ.

Прашина (прав) – кога Евреите се враќале дома од нееврејските краеви имале обичај да ја истресат прашината од нозете, за да не внесат нешто ,,нечисто” во Светата земја. Исус им го налагал истото на учениците, како раскинување со оние, кои не сакале да го прифатат Евангелието (Мт 10,14; Лк 9,5; 10,11; Дап 13,51).

Продолжува 

Пишуваат:

1slave 7 ПЕТКО ЗЛАТЕСКИ И

1slave 1 СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *