ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со уривањето на Ќосето манифестира примитивизам и кукавичлук

Која е разликата помеѓу Мула Омар, талибанскиот лидер кој даде наредба за уривање на статуата на Буда која е светско културно наследство и вчерашната наредба на СДСМ да се урне споменикот на Андон Лазов Јанев – Ќосето?

Која е разликата меѓу Ал Багдади, еден од лидерите на ИСИЛ кој даде наредба за уништување на древната Палмира и вчерашната наредба на СДСМ за уривање на споменикот на Андон Лазов Јанев – Ќосето?

Одговорот е јасен. Разлика нема! Ова се вандалски акти, целосно неприфатливи за 21 век. Разлика нема освен нијансата дека оние од СДСМ кои го нарачале, смислиле и реализирале овој срамен чин, кукавички се сокрија и го урнаа споменикот во раните утрински часови.

СДСМ со ова  манифестира примитивизам и кукавичлук.

Рушењето на споменикот на Андон Лазов Јанев – Ќосето е акт на длабока фрустрација и гнев кон сопствениот народ, кон сопствената историја и кон сопствената култура.

Целта на рушењето не беше споменикот како предмет, кој е обележје на еден човек кој животот го посветил на Македонија. Целта е рушење на идејата за Македонија со сопствена историја.

Рушењето на споменикот на Ќосето е континуитет на антинационалните политики на промената на историјата на државата, нула денари за македонскиот јазик, неуставниот закон за јазици или преминувањето на аеродромот и на автопатот.

СДСМ испраќа порака дека во Македонија се е менливо, дека нема историја, нема идентитетско обележје или било што од кое тие самите се подготвени да се откажат да го поништат. СДСМ е подготвено да уништи и тоа што не се бара од нив.

Но, граѓаните гледаат. Граѓаните паметат.

СДСМ од ден во ден влегува во скандали, само за да ја прикрие својата неспособност.

Штетата што СДСМ ја причини врз македонската држава во изминатиов период е непроценлива.

Наместо инвестирање и проекти, граѓаните се сведоци на масовна деструкција. Ова не е одлика на партија која е свртена кон европска иднина и реформи во полза на граѓаните.

Споменикот е легално поставен и затоа има документација.

Тие скоро една година потрошија на рушење. Скоро една година и нанесуваат штета на државата.

Ветуваа живот, а секој ден го претвораат во пекол.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *