„Охрид СОС“ не е задоволен од декларативните гаранции на Владата за статусот на охридскиот регион заштитен од УНЕСКО

Активистите на Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ бараат од Владата јавно да ги презентира сите преземени активности со кои се гарантира статусот на Охридското Езеро и Охрид како светско природно и културно-историско богатство заштитено до УНЕСКО.

Тие сметаат дека не е доволно Владата само да излезе со соопштение во кое се наведува дека е „остранета опасноста охридскиот регион да го загуби статусот Светско наследство на УНЕСКО“, таквиот став образложувајќи го со повеќе причини.

Покрај забелешката дека јавноста се уште не го видела таквиот документ, тие укажуваат на неимплементирањето на барањето на Комисијата на УНЕСКО за прогласување мораториум на сите градежни модификации на крајбрежјето и урбаното подрачје во рамките на Светското наследство, како критично важен чекор што мора да се спроведе.

Истовремено тие укажуваат на нетранспарентниот начин на кој беше формирана Комисијата за управување со светското природно и културно наследство во охридскиот регион, за која повторно јавноста и засегнатите страни од граѓанскиот сектор немаа никаква информација сè до денот на нејзиното формирање, ниту во постапката ниту во критериумите во изборот на членови.

Истовремено од Здружението посочуваат дека Владата на Република Македонија нема ингеренции да одлучува за статусот на доброто, односно дали тоа ќе биде или нема да биде впишано на Листата на светско наследство во опасност на УНЕСКО.

„Таа одлука треба да ја донесе Комитетот за светско наследство врз основа на активностите преземени на терен во текот на претстојните месеци и години, не само врз основа на еден извештај кој сè уште јавноста не може да го види“, стои во забелешката од „Охрид СОС“.

Меѓу заканите што во моментов сериозно го деградираат единственото македонско светско културно и природно наследство уште од „Охрид СОС“ ги наведуваат катастрофалната состојба на колекторскиот систем за заштита на езерото, огромниот внес на фосфор од реката Сатеска во екосистемот, прекумерниот риболов и загубата на блатните екосистеми, како последица на долгогодишните пропусти на системот и негрижа за богатството на регионот.

Активистите на Здружението за заштита на Охридското Езеро нагласуваат дека трајното зачувување на Светското природно и културно наследство на охридскиот регион е сложен процес, што не може да се гарантира само со откажување од изградба на планирани патишта, ресорти и други мегапроекти.

„Тоа е долготраен процес кој ќе биде единствено возможен во средина на транспарентност, отвореност, искреност и отчетност кои мора да се изградат на сите нивоа на владеењето, во култура која препознава дека благосостојбата на луѓето е единствено возможна со третирање на луѓето и природата во симбиоза“, стои во реакцијат

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *