ЕЛАГОНЦИ И ЛИНКЕСТИ -БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА

ПЕЛАГОНЦИ И ЛИНКЕСТИ 

Пеоните го населувале Балканот јужно од Дарданите, помеѓу Тракијците, Пелагонците и Македонците. Живееле во средниот тек на реката Аксиј, околу реките Еригон (Црна) и Астибос (Брегалница), во чии води се извршувало обредното крунисување на пеонските кралеви, како и во долината на Стримон. Меѓу племињата се истакнуваат Аргијаните (Жестоки), кои живееле околу изворот на Стримон и учествувале во походот на Александар Македонски со 1000 стрелци. Следат Сирипенците кои живееле во рамнината на денешниот Серес, потоа Пеопли, Леејци, Добери и др. Значи, нивниот центар била Каркинитида, која Херодот36ја означува како „Стара Скитија“. За присуството на Скитите во византиската Тема Стримон, сведочи пред него и Тукидид37 во врска со нападите на тракијскиот крал Ситалко на Македонија. 

36  Херодот, Историја, IV, 99, Матица Српска, Београд, 1988.

37  Тукидид, Повијест Пелопонеског рата, с. II, 98, Дерета, Београд, 1991.

Константин Порфирогенит ги споменува околу 934 година пред Христа во делото „De thematibus“, што го потврдува континуитетот на живеење на пра-Словените на овие простори, а во Пеонија се споменуваат кралевите Астропев, Ликеј, Патреј, Никарх, Бастереј, Андолеон, Леон, Допеон и др.

Археолошките ископини кај Анзебегово (неолитска култура) во Ѓевгелија, Мавринци и Исар во Македонија ја потврдуваат нивната висока култура и трговски врски со Мала Азија, а пред сė со Троја, Јонија и Микена. Многу богати наоди во Демир Капија откриле златен и сребрен накит со висока вредност и ковани пари со ликовите на веќе споменатите пеонски кралеви.38 

38  Микулиħ, 1989.

Во Тројанската војна, Пеоните биле сојузници на Троја. Во поглавјето за составот на тројанските војски, Хомер39 за Пеонците вели: 

39 Хомер, Илијада и одисеја, II, 848, Нови Сад, 1985. (прев. М.Н. Ѓуриѓ)

„… А Пеонците со криви лакови ги предовдеше херојот Пирехмо, од далечната Амидона од Аксија широката река. Аксија, која земјата ја оплодува со најубава вода.“

По загинувањето на Пирехмо, поетот во епот40 за смртта на друг пеонски јунак, Аписаон, продолжува: „… и Аписаон, на луѓето пастир, син на Хипасп, во џигерот го рани, под мембраната и колената му ги раздразнија нему: тој од плодната земја Пеонија беше стигнал.“ 

40  Хомер, Илијада и одисеја, II, XVII, 348, Нови Сад, 1985. (прев. М.Н. Ѓуриѓ)

Главни градови на Пеонија биле Астибо (сегашен Штип) и Стоби. Други градови се Арг, Вилазора (Велес), Стена (Демир капија), Евристус, Баргала, Армохиј, Запара, Добер, Астреон итн. Реки се Аксиј (Вардар), Еригон (Црна), Стримон (Струма), Астибос (Брегалница) итн.

За луѓето и обичаите на Пеонците постојат податоците на Херодот41 кој ги обиколил овие краеви. Тој говори за постоење на лавови во Пенонија, дека при принесување жртви на божицата Артемида ветените подароци ги замотуваат во пченична слама и др. При персиската окупација на Пеонија, некои нивни племиња пружале жесток отпор, па Сириопеонците и Плеоплијанците биле преселени во Фригија во Мала Азија. По нивната успешна побуна, тие се вратиле во Пеонија. За време на кралот Флип II, Пеонија е приклучена кон Македонија.

41  Херодот, Историја, IV, 33, Матицка Српска, Београд, 1988.

Покрај овие информации што ни ги дава Херодот, интересни се следниве податоци:42 „…Оние околу Пангејските планини и Прасиадското езеро не му паднаа на Мегабас (персискиот војсководец) в раце. 

42 Херодот, Историја, V, 16, Матицка Српска, Београд, 1988.

Тој навистина се обиде да ги покори и оние кои живееле на езерото, ама не успеал бидејќи тие живеат и тоа вака: сред езеро се наоѓаат дрвени скелиња на високи колци, а пристапот од копно е можен со помош на еден тесен мост. Колците под скелето, некогаш во старо време, ги носеле заедно сите жители на населбата, а подоцна се создал оваков обичај. Било кога кога некој од нив земал жена, носел од планината, чие име била Орбел, по три колци и ги ставал под скелето, кај нив секој човек се жени по неколку пати. Секој има на скелето по една колиба во која живее и од која, преку скелето, води еден отвор долу во езерото. Коњите и говедата ги хранат со риби, а риби има толку многу што, кога низ отворот ќе се спушти јажето со врвот во езерето и по кратко време ќе се извлече, ќе биде полно-преполно со риби…“

2bmХераклеа

Пелагонци

Земјата на Пелагонците е Пелагонија и значи ’плодна рамнина’, а се наоѓа во сливот на реките Еригон (Црна Река), притоката Аксиј (Вардар) во Македонја. Митолошкото име за оваа област е Бореја, според планината кои ја опкружуваат и тоа јужно Бореј (Vorras) т.е. Ниџе (Кајмакчалан) и Козјак, а северно, исто така, Бореј (Vorras) – Бабуна. Жителите биле Бореади – Севери. Во Теогонија,43 Бореј (Voreas) е бог на Северецот, најсилен од сите ветрови, и живее во долината на Стримон. Им служел на Посејдон и Зевс и, по нивни налози, предизвикувал страшни бури. Во вид на пастув, извршил оплодување на кобилата на Дардановиот син Ерихтониј, предок на тројанска кралска ќерка.44 Понасевер од нив биле Хиперборејците, според општото име за народите понасевер од нив. 

43   Hesiodus, Fragmenta & Theogonia, с. 378 и понатаму

44   Хомер, Илијада и одисеја, XX, 230, Нови Сад, 1985. (прев. М.Н. Ѓуриѓ)

Непосредни соседи на Пелагонците биле Алмопијци-Солари на југ, Пеони на североисток, Линкести и Деуриопи на северозапад.

Главен град била Пелагонија, на бреговите на Еригон.

Покрај митовите, првите пишани податоци за Пелагонците се јавуваат дури во IV век пред Христа. Според истражувањата на Папазоглу45, во прашање се два написа од Атина, од 365 и од 363 година пред Христа, испратени до пелагонискиот крал Менелај. Биле тоа благодарници за воената и финансиска помош која кралот му ја дал на атинскиот стратег Тимотеј во војната против Халкиѓаните и Амфиополите. 

45  Папазоглу, Ф.: Македонски градови во римско доба, с. 199, Скопје, 1957

Од историски аспект за Пелагонија, овие податоци докажуваат дека Пелагонците, дури и во средината на IV век пред Христа, имале своја одвоена политича заедница на чело со крал. Во периодот на зајакнување на пеонската држава, Пелагонците политички се прклучиле во нејзиниот состав. За веме на зајакнувањето и ширењето на македонската држава под Филип II (359-336 година пред Христа), Пелагонија станала составен дел на Македонија.

Во подоцнежните векови, Пелагонија се споменува на неколку места кај Ливиј, Страбон и Диодор во врска со римското освојување на Македонија и нејзините поделби и се наведува дека Пелагонија била центарот на Четвртата македонска марида. Трагите на градот Пелагонија се губат по готските наезди при крај на V век пред Христа, ама и ден-денес пости Пелагонија како област во Македонија.

3bmАнфитеатарот во Охрид

Линкести

Линкестите на централниот Балкан се, според Тукидид,46 горно-македонско праисториско племе. Тие, уште за негово време, имале свои владетели, иако ја признавале врховната власт на македонските кралеви. Нивната земја се викала Линка, но подоцна се јавува и формата Линкестида. Денес ù соодејствува положбата на леринско-битолската-преспанската област. Главниот град на Линкестида се викал Линк и се наоѓал на островот Ахил на езерото Мала Преспа. Со арехолошки истражувања утврдени се мегалитски ѕидови од неолитско потекло под остатоцитена Патријаршијата на царот Самоил од X век пед Христа. 

46   Тукидид, Повијест Пелопонеског рата, с. II, 99, 2, Дерета, Београд, 1991.

Во митологијата, Линк е епонимен херој и крал на Скитите. Овидиус (43 година пред Христа – 17 година по Христа) во „Метаморфоза“47 и Хугини (II век пред Христа) во „Фабули“ изнесуваат податоци за Линк и Триптолем, син на Океан и Геја, што е изнесено и во делот за Бореја. 

47  Овидиус, Метаморфоза, V, 650 и понадаму

Имено, божицата Деметра му подарила на Триптолеум жито и кола со крилести змаеви, а потоа му наредила да тргне по светот и да ги поучи луѓето да одгледуваат житни растенја. На патот среќавал многу луѓе, ретко добри, а почесто злобни. Кога дошол кај Линк, крал на Скитите во Линкестија, му соопштил дека стигнува од небото, со зрна кои, ако бидат фрлени и засадени во земјата, ќе донесат богата жетва.

Ова кај Линк разбудило завист во срцето и тој посакал и сам да стане голем дародавец. Кога Триптолем заспал, кралот Линк му се прибижил со нешто во рацете и се обидел да го убие. Во тој момент, божицата на земјоделието Деметра го преобразила Линк во рис, бидејќи зборот ’лункс’ значи рис. Од таа легенда во народното паметење за скитските Прасловени останало и денешното име на еден град на Преспанското Езеро во Македонија под името Ресен.

Арианус (II век пед Христа) во Анабасис ги наведува браќата Херомен и Арабеј од Линкеста како учесници во убиството на македонскиот крал Филип II во 336 година пред Христа, како и трет брат во заверата против Александар Македонски.

Продолжува

Пишуваат:

1slave 2АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И

1Slave Katin 2СЛАВЕ КАТИН 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *